Свет
Верешчук: Ги повикувам сите цивили веднаш да го напуштат Бахмут

Вицепремиерката на Украина и министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии, Ирина Верешчук, денеска ги повика цивилите веднаш да го евакуираат Бахмут.
„Апелирам до цивилите кои сѐ уште се во Бахмут… мора веднаш да се евакуирате“, напиша таа на својот канал на „Телеграм“.
Според неа, во градот останале 6.000 цивили, пренесува ТАСС.
Украина вчера ги евакуира архивите од локалните државни институции во Бахмут. Руските сили успеаја да пресечат три од четирите патишта што украинската армија ги користи во градот за транспорт на засилување и муниција, јави ТАСС.
Жестоки борби меѓу руските и украинските сили се водат околу Бахмут, во областа Донецк, во источна Украина, а градот е важен сообраќаен центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Најжешкиот град во светот во Иран, вчера измерени близу 50 степени

Најжешкиот град вчера беше Омдије во Иран, каде што биле измерени 49,6 степени, податоците се објавени на веб-страницата Огимет, која собира временски податоци од целиот свет.
На второ место беше градот во Иран, Ахваз, сместен во долината на реката Карун, со 48,6 степени.
Најстудената точка во светот беше Восток на Антарктикот, каде што беа измерени минус 74,2 степени.
Најсилниот ветер беше регистриран во Гренланд, налетите достигнаа 220 километри на час, а најмногу дожд наврна во Индија во градот Хонавар.
Во Европа, вчера според написите во светските агенции, најжешко беше во Турција, каде што дури осум градови беа меѓу десетте најжешки.
42,6 степени беа измерени во Батман, 41,9 во Дијарбакир, 41,7 во Урфа. И два града во Шпанија беа меѓу десетте најжешки – Сјеса со 39,7 степени е на седмото место и Мурсија со 39,4 на десеттото место.
На швајцарскиот врв Јунгфрајох беше нула степени и тоа беше најстудената точка во Европа вчера напладне.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Воен авион се урна во училиште во Бангладеш полно со деца: има загинати

Најмалку едно лице загина, а 13 се повредени кога авион за обука Ф7 на воздухопловните сили на Бангладеш се урна во училишен кампус во северна Дака, кратко по полетувањето, објави локалната телевизија.
По падот, авионот од кинеско производство се запалил, а според првичните информации засега е пронајдено телото на пилотот.
A training aircraft has crashed in Uttara, #Dhaka. The incident occurred this afternoon (Monday) in the Milestone College area of Uttara.
According to the Inter-Services Public Relations (ISPR), a Bangladesh Air Force F-7 BGI training aircraft crashed in Uttara. The aircraft… pic.twitter.com/DeivlfQI7o
— Basherkella – বাঁশেরকেল্লা (@basherkella) July 21, 2025
„Воздухопловните сили спасија четири повредени лица и ги однесоа во болница“, изјави Лима Канам, службеник на противпожарната служба, што беше и првата информација за несреќата.
Сепак, бројот на повредени оттогаш се зголеми. Според телевизијата Јамуна, повредени се најмалку 13 лица, вклучувајќи ученици и студенти.
🇧🇩🚨🚨 BREAKING 🚨🚨
Training aircraft crashed at Uttara Milestone College….!#Bangladesh #Dhaka pic.twitter.com/M9f0GbPC2f— Huda (@faisalhuda_) July 21, 2025
Авионската несреќа се случила во кампусот на училиштето и колеџот Мајлстоун во Утара околу 13:30 часот по локално време, околу дваесет минути по полетувањето. Несреќата се случила додека во училиштето се одвивала настава.
Фото: принтскрин
Свет
Иран, Русија и Кина утре на средба за нуклеарната програма

Иран, Русија и Кина утре се среќаваат за да разговараат за нуклеарната програма на Иран и ризикот од повторно воведување санкции преку механизмот на ОН за автоматско враќање на санкциите, изјави денес портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи.
Велика Британија, Франција и Германија, познати како Е3, предупредија дека ќе го користат овој механизам, кој повторно би вовел меѓународни санкции врз Иран, доколку до крајот на август не се постигне напредок во нуклеарните преговори, објави Ројтерс.
„Постојано се координираме со овие земји за да спречиме (активирање на механизмот за враќање) или да ги ублажиме неговите последици“, рече Багеи, додавајќи дека Велика Британија, Франција и Германија немаат правна основа за активирање на механизмот.
Фото: принтскрин