Свет
(Видео) Авион со 62 патници се урна во Бразил
Патнички авион со 62 лица се урна во Бразил, јавија локалните медиуми.
Авионот кој одел кон меѓународниот аеродром Гуарулхос во Сао Паоло се урнал во градот Винхедо, недалеку од Сао Паоло. Во авионот имало 58 патници и четворица членови на екипажот.
Пожарникарите потврдија дека авионот се урнал во градот Винхедо, но не соопштија повеќе детали. На местото на несреќата се испратени противпожарни бригади.
Бразилската телевизиска мрежа GloboNews, исто така, прикажа снимка од голема површина во пламен и чад што доаѓа од авионскиот труп во станбена зона полна со куќи.
🚨 Reports confirm a plane with 58 passengers and 4 crew members crashed in Vinhedo, Brazil pic.twitter.com/HGM3TQ0e7F
— Anadolu English (@anadoluagency) August 9, 2024
На настанот во јужен Бразил на кој присуствуваше претседателот Луис Инасио Лула да Силва ја замоли публиката да застане и да одржи минута молчење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украинската војска добива повеќе пари за борбата против рускиот напад
Украинската војска добива повеќе пари за борбата против рускиот напад според новиот закон потпишан од претседателот Володимир Зеленски, кој претходно беше усвоен од Парламентот, јави ДПА.
Локалните медиуми денеска објавија дека новиот закон ги зголемува воените трошоци за 500 милијарди гривни (околу 12 милијарди долари). Засилувањето ќе се финансира со заеми, даноци и зголемување на давачките за тутунот и горивото. Зголемувањето треба да се искористи за исплата на надоместоци за војниците во првите редови овој месец.
Земјата се брани од руска инвазија повеќе од две и пол години. Украина вели дека добила преку 98 милијарди долари финансиска помош од странство од почетокот на војната во февруари 2022 година.
Свет
Сакале јавно да ја посрамотат љубовницата на нивниот татко, а животот си го направиле пекол
Сестрите Елеонор и Софи Браун откриваат како јавно сакале да ја посрамотат жената со која татко им Џеф ја изневерил нивната мајка, но наместо тоа, едната добива отказ од полицијата, а другата се соочува со затвор.
Убедени дека смислиле совршен начин јавно да ѝсе одмаздат на жената со која татко им ја изневерувал нивната мајка, двете сестри, од кои едната била полицајка, објавиле приватни и интимни фотографии на социјалната мрежа. Ни тоа не им било доволно, го објавиле и телефонскиот број на нејзиниот сопруг, по што почнале да му се јавуваат.
Пријавил во полиција, па на Елеонор (24) која признала дека објавувала интимни фотографии сега и се заканува затворска казна, додека Софи била избркана од полиција.
На сослушувањето во судот во Лидс, Велика Британија одржано минатата недела, беше откриено дека Елеонор на страницата „2022“ објавила фотографии и телефонски број на сопругот на нејзиниот љубовник. Се слушна дека објавувањето на телефонскиот број влијаело на неговата работа и кај жената предизвикало „страшно и болно чувство на паника“. Во исто време, како што изјавија во судницата, нивниот татко Џеф имал афера со таа жена пред повеќе од 10 години, кога и двајцата биле во брак.
Аферата беше откриена во 2015 година кога Сара Браун откри интимни фотографии и видеа од жената во телефонот на нејзиниот татко. Дури седум години подоцна, помеѓу август и септември, Елеонор објавила погрдни коментари за љубовницата на нејзиниот татко на деловната веб-страница на нејзиниот сопруг.
Таа потоа му испратила интимни фотографии од неговата сопруга на WhatsApp, а истите ги објавила на страница за ескорт. Обвинителот посочи дека се работи за „гнасен и пресметан“ обид за одмазда. Сестрите Браун, како што беше кажано и во судницата, ја нападнале и ќерката на љубовникот, која не знаела за аферата.
Елинор и рече: „Ќе се погрижам мајка ти никогаш да не заборави што и направи на мајка ми“.
Софи поднесе оставка од полицијата откако таа и нејзината сестра беа пријавени, а на рочиштето беше истакнато дека дефинитивно ќе добиеше отказ доколку не се откажеше самата, бидејќи таа беше иницијатор на целата приказна. На рочиштето се откриени и пораките кои сестрите ги разменувале, се покажало дека тие прво планирале да направат лажен профил на љубовницата на една страница за рекламирање.
Тие сакаа да напишат, заедно со нејзината фотографија, во огласот: „Подарувам сексуални услуги за пет фунти“. Потоа го промениле планот и решиле фотографиите да ги објават на страница за ескорт дами.
Свет
Во нападот врз Бејрут најмалку 12 лица загинале, а 66 се повредени
Либанското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 12 лица загинале а 66 се повредени, од кои девет се во критична состојба, во денешниот изралески напад врз Бејрут.
Вчерашниот израелски напад врз Бејрут следеше откако Хезболах истрела ракети на северот на Израел и во време кога се очекува одмазда во тој регион, бидејќи лидерот на таа шиитска организација Хасан Насрала се закани за овонеделните експлозии на илјадници пејџери и токи-воки.
Јужните предградија на Бејрут биле нападнати за време на сообраќајниот метеж, кога вработените се враќале од работа, а учениците од училиште.