Свет
(Видео) Автобус со мигранти од Венецуела и Хаити излетал од патот во Мексико, 18 загинати
Најмалку 18 мигранти, главно од Венецуела и Хаити, загинаа во автобуска несреќа во јужниот дел на Мексико, соопштија локалните власти.
Обвинителите во јужната мексиканска држава Оахака соопштија дека меѓу загинатите има две жени и три деца, а 27 лица се повредени.
На снимката на полицијата во Оахака се гледа како автобусот се превртел на страна на закривен дел од автопатот. Причината за несреќата е под истрага. Државната полиција соопшти дека во автобусот имало вкупно 55 мигранти, главно од Венецуела.
“BREAKING – A bus transporting a group of migrants through southern #Mexico, mostly from #Venezuela, crashed, leaving a preliminary balance of 17 dead and several injured on the Oaxaca-Mexico highway.”
17 👀 pic.twitter.com/UCVjxajO1F— 🄴🄻ϻ🄴🅁 🄵µ🄳🄳 ✝️ (@Elmr_Fudd_again) October 6, 2023
Ова е последна во серијата несреќи со мигранти во Мексико, каде што има зголемување на бројот на мигранти кои патуваат кон границата со САД. Бидејќи агентите за мигранти обично вршат рација во редовни автобуси, мигрантите и шверцерите често бараат ризични форми на транспорт, како што се нерегулирани автобуси, возови или камиони.
Минатата недела 10 кубански мигранти загинаа, а 17 тешко беа повредени кога камионот во кој се наоѓаа удри на автопат во соседната мексиканска држава Чиапас, во близина на границата со Гватемала.
Националниот институт за имиграција соопшти дека сите загинати се жени, а една од нив е помлада од 18 години.
Мексиканските власти вообичаено им забрануваат на мигрантите без документи да купуваат редовни автобуски билети, така што оние кои немаат пари да им платат на шверцерите имаат тенденција да користат лошо одржувани автобуси, со небезбедни возачи кои возат брзо за да не бидат запрени. Или одат по автопат и автостоп поминуваат со камиони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи
САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа погодени и голем број други ирански градови.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека нападот ќе ја прекине безбедносната закана за САД и ќе им понуди на Иранците можност да ги соборат своите владетели. Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.
Иран одговори со испукување ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Иран, исто така, изврши напади врз американски воени објекти во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар…
Се очекува говор на ајатолахот Али Хамнеи, објави Би-Би-Си, наведувајќи дека неговиот говор наскоро ќе биде емитуван. Не е јасно дали тоа ќе биде снимена порака или иранскиот врховен лидер ќе зборува во живо. Неговото моментално место на живеење е непознато. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, тврди дека, доколку тој знае, ајатолахот е жив, а Ројтерс претходно објави дека е префрлен од Техеран на „безбедна локација“.
Израелската војска во саботата попладне објави дека изведува нови напади врз ирански ракетни лансери, како дел од заедничкиот напад со САД врз Иран, додека Техеран, исто така, објави дека изведува нов бран напади врз американски цели во регионот.
Израелските воздухопловни сили „започнаа со прелети и моментално напаѓаат ракетни лансери во Иран за да спречат закана за Државата Израел“, се вели во краткото воено соопштение.
Пожар избувна пред луксузниот хотел „Фермонт Палм“ во Дубаи. Пожарот наводно бил предизвикан од остатоци што паднале од небото за време на ирански ракетен напад, а автентичноста на снимката ја потврди „Скај њуз“.
Fairmont Dubai Palm on fire. Heard loud explosion, stay safe pic.twitter.com/HLo8oS6dSc
— Alex | The Modern Freelancer (@alex_tfmg) February 28, 2026
Свет
Нов бран напади против иранските ракетни фрлачи почнаа израелските воздухопловни сили
Израелските воздухопловни сили спроведуваат нов бран воздушни напади против иранските балистички ракетни фрлачи, соопшти ИДФ.
– Воздухопловните сили почнаа операција и во моментов ги напаѓаат ракетните фрлачи во Иран за да ги отстранат заканите за државата Израел – се вели во соопштението на војската што го пренесе Тајмс оф Израел.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.

