Свет
(Видео) Азербејџан го гранатира главниот град на Нагорно-Карабах со турски ракетни системи
Претставникот на ерменското Министерство за одбрана, Акрун Хованисјан, ги обвини азербејџанските сили за употреба на турските ракетни системи „Каисгра“ во нападите врз главниот град на Нагорно-Карабах.
Покрај турските ракетни системи, во гранатирањето на Степанакерт се користат и системите „Смерч“ и „Полонез“, додаде тој.
Претходно, портпаролката на Министерството за одбрана на Ерменија, Шушан Степанјан, објави дека борбите на линијата за разграничување на Нагорно-Карабах продолжиле и денес.
Според неа, борбите траеле во текот на целата претходна ноќ и со различен интензитет.
Ստեփանակերտի այսօրվա հրետակոծության նոր կադրեր:
Posted by Shushan Stepanyan on Недела, 04 октомври 2020
Од друга страна, Министерството за надворешни работи на Ерменија тврди дека силите на Нагорно-Карабах ќе продолжат да даваат соодветен одговор сè додека Азербејџан не престане да провоцира и извршува агресија врз тој регион со помош на Турција и други милитанти терористи.
Тие исто така наведуваат дека целта на Азербејџан од самиот почеток на конфликтот била да ги сокрие податоците за нападите врз градовите Нагорно-Карбах, иако биле забележани бројни цивилни жртви и била нанесена значителна материјална штета кога станува збор за цивилната инфраструктура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Брутално претепан познатиот албански водител Елтон Тозај, може да остане слеп
Познатиот албански водител Елтон Тозај бил нападнат и брутално претепан синоќа околу 19:30 часот на автопатот Тирана-Драч, под околности кои сè уште остануваат вознемирувачки и нејасни, објавија медиумите.
Според информациите објавени од неговото семејство, на неговиот профил на социјалните мрежи, новинарот бил брутално нападнат од неколку лица. Во насилството врз Тозај му биле нанесени сериозни физички повреди.
„Семејството објави дека Елтон Тозај моментално е во сериозна здравствена состојба и е на интензивна медицинска нега. Според нив, ситуацијата е деликатна, бидејќи новинарот се бори да не го изгуби видот, што го прави овој настан уште поалармантен“, наведуваат медиумите.
Од полицијата засега нема информација околу настанот.
Свет
Бурата Јоханес ја погоди Шведска, повеќе од 40.000 домаќинства без струја
Бурата Јоханес ја погоди Шведска носејќи силни ветрови и снежни врнежи, додека повеќе од 40.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
Според метеоролозите, бурата се шири брзо и се очекува ветровите да се зајакнат во текот на денот.
Бурата започна ноќеска од северот на земјата, со многу силни ветрови, додека жолти и портокалови временски предупредувања беа издадени за поголемиот дел од Шведска, пренесе локалниот портал Expressen.
Свет
По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев
Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија.
Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални напори за што поскоро враќање на снабдувањето, објави премиерката на Украина Јулија Свириденко на социјалните мрежи.
„Работиме на решавање на последиците од ноќниот напад врз Киев и регионот. Предупредувањето за воздушна опасност во Киев беше на сила 10 часа. Една жена почина во регионот на Киев. Во главниот град досега се повредени 32 лица“, рече Свириденко.
Службите за итни случаи се на терен, кои, заедно со медицинските екипи, ги расчистуваат урнатините и им пружаат помош на жртвите. Премиерката додаде дека во нападот се оштетени цивилни и енергетски објекти.
Во моментов, над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без централно греење“

