Свет
(Видео) Бајден ги помеша Џорџ Буш и Доналд Трамп
Кандидатот за американски претседател, Џозеф Бајден, вчера присуствуваше на настан за собирање пари за спроведување на кампањата. Тоа било настан со концерт, кој се одвивал онлајн.
Бајден одговарал на прашања на модераторите, Џорџ Лопез и аналитичарката на Си-ен-ен, Ана Наваро, кога рекол дека ако не победи тој, САД ги чекаат уште четири години со Џорџ.
Joe Biden confuses President Trump with George W. Bush: “because of who I’m running against…George, ah, George” pic.twitter.com/ujAni2Q7Gh
— Steve Guest (@SteveGuest) October 26, 2020
„ Ќе гласаме според мое мислење, буквално за карактерот на земјата. Каква држава ќе бидеме? Уште четири години Џорџ… ова… Џорџ, ќе се најдеме во позиција дека, ако биде избран Трамп, ќе бидеме во поинаков свет“, рече тој.
Тој исто така изборите ги нарече избори со најголеми последици по долго, долго време. Неговата сопруга Џил цело време седеше покрај него.
Џорџ В. Буш беше претседател на САД до 2008 година. Потоа се кандидира Барак Обама, чиј потпретседател беше Џозеф Бајден. Буш тогаш не се кандидира затоа што веќе отслужи два мандата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

