Свет
(Видео) Бајден плачеше на крајот од посетата на Ирска
Џо Бајден со личен тон ја заврши посетата на Ирска, каде што беше пречекан како свој, пренесуваат медиумите во регионот.
„Ова е како да се враќаш дома, навистина. Со текот на годините, приказните овде станаа дел од мене“, рече американскиот претседател додека ја напушташе земјата, во говорот во Балина, на северозапад, каде што живееле неговите предци, пред да се соберат околу 27.000 лица.
Joe Biden paid a visit to Mayo Roscommon Hospice, where he turned the sod on the development in 2017. While there he saw a plaque in memory of his late son Beau Biden | https://t.co/7LELAyeGXB pic.twitter.com/neNCrE2Zze
— RTÉ News (@rtenews) April 14, 2023
Неговото патување по стапките на неговите предци, емотивно од самиот почеток, доби изразито лична нота за време на посетата на храмот на Пресвета Богородица во Кнок во петокот наутро.
Американскиот претседател, заедно со Џон Фицџералд Кенеди, единствениот католик во Белата куќа, останаа таму во лична молитва, како што беше планирано.
Во исто време, тој се сретнал, непланирано, со поранешен капелан на американската армија, кој му го поделил помазанието на болните на неговиот син Бо, кој починал од тумор на мозокот во 2015 година, изјави свештеникот на тоа светилиште, отец Ричард Бигонс за Би-Би-Си.
„Претседателот заплака, тоа навистина го трогна и заедно се помоливме за неговото семејство“, рече свештеникот.
„Беше значајно“, рече Џо Бајден во својот говор, во пресрет на неговото враќање во САД.
Демократот во петокот, придружуван од неговиот син Хантер и сестрата Валери, го посети центарот за историски и генеалошки истражувања, каде што детално беше опишан животниот пат на неговите предци по мајка им кои емигрирале во средината на 19 век.
Во својот последен говор во Балина, тој се осврна на политичките прашања, пофалувајќи ги вредностите што ги споделуваат Ирска и САД.
„Се бориме за слобода, за демократија“, нагласи тој.
„И во време на темнина и очај, носени од надежта, продолживме да се движиме кон подобра иднина, со повеќе слобода, достоинство и поголеми можности“, рече демократот, враќајќи се на својата омилена политичка идеја.
Иако Џо Бајден беше срдечно пречекан во Ирска, неговата посета досега не наиде на преголем интерес во САД, оценуваат медиумите.
Главните американски телевизиски станици директно не го пренесоа неговиот последен говор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нови детали за малата Данка: нејзината ДНК не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена
Како што пренесува „Нова.рс“, на ниеден од предметите што биле земени за помош во истрагата не биле пронајдени биолошки траги од двегодишната Данка Илиќ од Србија.
Српскиот портал напиша дека досега се пронајдени повеќе од 400 траги во службеното возило за кое се сомневаат дека го користеле Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ кога, според нивното признание, го удриле девојчето. Обвинителството пред неколку дена ги доби резултатите од новите вештачења.
„Од внатрешноста на службениот автомобил во Бор се земени повеќе од 500 траги, како и траги од надворешната страна на автомобилот. Досега вештачењата покажаа дека нема трага од ДНК на Данка Илиќ ниту во самиот автомобил ниту на надворешните делови од возилото“, пишува „Нова.рс“ повикувајќи се на Вишото јавно обвинителство.
Медиумот потсетува дека осомничените работници на фирмата „Водовод“ од Бор, Јанковиќ и Драгијевиќ, биле на работна задача на 26 март кога во Бањско Поле исчезна двегодишно девојче. Според признанието на Драгијевиќ, девојчето го удриле со службеното возило, го задавиле и го фрлиле на дива депонија, од каде што два дена подоцна Дејан со својот татко (73) и сега починатиот брат Далибор (40) наводно го преселиле телото на друга, непозната локација.
Телото на двегодишната Данка сè уште не е пронајдено.
Регион
Се урна конструкција на рингишпил, повредени 13 деца, од кои едно е во животна опасност во Куршумлија
Во Куршумлија денеска се случила несреќа кога на локалниот саем се урнала конструкцијата на рингишпилот, пренесуваат српските медиуми.
Според написите, повредени се 13 деца, од кои едно потешко.
Станува збор за девојче, чиј живот е во опасност и има сериозни повреди на главата и ‘рбетниот столб.
Таа била итно префрлена во КЦ „Ниш“ на Одделот за неврохирургија.
Седум деца се во друга болница, каде што во тек е понатамошна дијагностика, а другите деца се полесно повредени, пишуваат тамошните медиуми.
Свет
Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност
Режимот во Киев е прилично непредвидлив, интервенцијата на воените сили на НАТО во украинскиот конфликт на теренот претставува огромна опасност, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Според него, Москва ја смета за крајно провокативна петицијата објавена на веб-страницата на украинскиот лидер Володимир Зеленски, во која се апелира да се поканат странски војници во Украина.
„Сметаме дека ова во најмала рака е крајно провокативно и го следиме многу внимателно“, рече Песков.
Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна во интервју за „Економист“ изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина на барање на Киев доколку Русија ја пробие линијата на фронтот. Според него, многу земји од ЕУ се согласиле со мислењето на Париз за ова прашање.
Медиумите претходно објавија и дека Франција испратила војници од својата Легија на странци во Украина, пренесува „Танјуг“.