Свет
(Видео) „Беше под урнатините кога ме повика“: претседателот плаче на местото на трагедијата во клубот „Џет сет“
Гувернерката на Монтекристо, Нелси Круз, му се јавила на претседателот на Доминиканската Република, Луис Абинадер, неколку секунди по уривањето на покривот на познатиот ноќен клуб „Џет сет“.
„Претседателе, покривот падна, ни треба помош“, му рекла Круз неколку минути откога паднал покривот на ноќниот клуб, во кој имало повеќе од 500 луѓе.
#9Abr 🇩🇴 El presidente Luis Abinader, visiblemente afectado, rompió en llanto al abrazar a familiares de un desaparecido por el colapso del Jet Set en Santo Domingo. pic.twitter.com/JN9Y96ZTcf
— QueTripaInforma (@QueTripaInforma) April 9, 2025
Неколку минути подоцна, претседателот Абинадер добил информација дека се урнал покривот на ноќниот клуб и дека најмалку 13 лица загинале, меѓу кои и Нелси Круз.
Претседателот веднаш се упати кон местото на трагедијата, каде што веќе почнаа да се собираат луѓе и да ги бараат своите најблиски.
Абинадер, со црвени очи од солзи, го напушти шаторот лоциран на локалниот плоштад и се упати кон ноќниот клуб.
Таму е и министерот Едуардо Естрељ кој чека вести за својот син, кој со сопругата и децата го прославувал роденденот во клубот.
Кога ги виде урнатините, претседателот почна да плаче и да ги гушка луѓето што чекаa информации за своите најблиски.
„Длабоко жалиме за трагедијата во ноќниот клуб ‘Џет сет’. Сите хуманитарни организации ѝ се приклучија на акцијата и нудат помош и работат заедно со спасувачите. Нашите молитви се со семејствата на жртвите“, им порача претседателот Абинадер на насобраните.
Со него беше и неговата сопруга Раке, која исто така им помагаше на семејствата.
Неколку часа подоцна, претседателот Абинадер издаде наредба со која прогласи тридневна жалост поради трагедијата во ноќниот клуб.
Тој нареди и до следниот четврток знамињата на сите згради на јавните институции во земјата да бидат на половина копје.
Светските медиуми потсетуваат дека најмалку 98 луѓе загинаа, а повеќе од 160 се повредени при пад на покривот на познатиот клуб во Санто Доминго, Доминиканската Република, за време на настапот на познатиот пејач Рубио Перез.
Пејачот сѐ уште е под урнатините, според написите.
Стотици луѓе беа на концертот, а речиси 400 спасувачи сè уште трагаат по преживеани. Се стравува дека бројот на загинати ќе се зголеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Остар пад на цената на златото
Цените на златото и среброто денес забележаа остар пад, по период на силен раст што ги донесе скапоцените метали на рекордни нивоа. Златото падна под 5.300 долари за унца, додека среброто потона од рекорднаta вредност од над 80 долари. Ова е сигнал дека порастот на цените влегол во она што аналитичарите го предупредуваат како „опасна фаза“.
Пресвртот на пазарот ги натера инвеститорите да бидат претпазливи по месеци раст поттикнат од побарувачката од Кина, купувањата од централните банки и геополитичките тензии, пишува Yahoo Finance.
Аналитичарите велат дека корекцијата била очекувана со оглед на брзината и силата на претходниот раст.
„Има сè помалку простор за понатамошен раст на цените на златото и среброто по неодамнешните рекорди“, рече Карстен Фрич, аналитичар во Комерцбанк. „Јасно е дека инвеститорите сè повеќе профитираат, а целиот раст е на стаклени нозе“, додаде тој.
Рајан Мекеј, виш стратег за стоки во TD Securities, се согласува, велејќи дека растот на цените е „одвоен од фундаменталните фактори“. Според неговите зборови, „корекцијата е одамна задоцнета“. Мекеј, исто така, забележува дека физичката побарувачка од Кина и Индија, клучни двигатели на растот, сега „слабее“ поради исклучително високите цени.
Свет
Трамп: Му реков на Путин да престане да ги напаѓа Киев и другите градови, тој се согласи
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговиот руски колега, Владимир Путин, се согласил со неговото барање да не ги напаѓа Киев и другите украински градови и места една недела.
„Јас лично го замолив претседателот Путин да не ги напаѓа Киев и другите градови и места една недела“, рече Трамп на брифинг за медиумите, нагласувајќи дека Украина се соочува со екстремно ниски температури.
„И тој се согласи. Морам да ви кажам, тоа беше многу убаво.“
Претседателот на САД не разјасни кога или на кој начин му го упатил ова барање на Путин, ниту на кој датум треба да стапи на сила наводното примирје. Коментарите на Трамп, исто така, следеа по шпекулациите дека Киев и Москва се согласиле на пауза во нападите врз енергетската инфраструктура на другата страна, иако ниту една страна не ги потврди тврдењата ниту ја коментираше изјавата на Трамп.
Во меѓувреме, украинските воздухопловни сили објавија дека московските сили лансирале повеќе од 100 дронови во Украина преку ноќ, при што биле регистрирани 18 погодоци во различни области.
фото/Depositphotos
Свет
Мерц: Почнуваме да разговараме за европски нуклеарен чадор со сојузниците
Европските земји почнуваат да разговараат за идејата за заеднички нуклеарен чадор што би ги надополнил постојните безбедносни договори со Соединетите Американски Држави, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц, во услови на зголемени дискусии во Германија за развој на сопствена нуклеарна одбрана.
Зборувајќи во време кога американскиот претседател Трамп ги доведува во прашање традиционалните сојузи, Мерц рече дека разговорите се само во почетна фаза и дека сè уште нема одлука на повидок.
„Знаеме дека треба да донесеме голем број стратешки и воено-политички одлуки, но сега не е време“, им рече тој на новинарите.
На Германија ѝ е забрането да развива сопствено нуклеарно оружје според таканаречениот договор „Четири плус два“, кој го отвори патот за повторно обединување на земјата во 1990 година и според Договорот за неширење на нуклеарно оружје што Германија го потпиша во 1969 година.
Мерц рече дека договорните обврски на Германија не ја спречуваат да разговара за заеднички решенија со партнери, вклучувајќи ги Велика Британија и Франција, единствените европски сили со нуклеарни арсенали.
„Овие дискусии се во тек. Тие исто така не се во спротивност со заедничкото нуклеарно одвраќање со Соединетите Американски Држави“, рече тој.

