Свет
(Видео) Во Русија гори облакодер, има загинати меѓу кои и двегодишно дете
Пожар избувна во облакодер во градот Уљановск, соопшти прес-службата на регионалното Министерство за вонредни состојби.
„Според првичните информации, пожарот првично зафатил три стана на третиот кат“, се вели во соопштението. Загинаа двегодишно дете и уште едно лице, а три лица се повредени.
A powerful explosion took place in a high-rise building in the Russian city of Ulyanovsk
Three apartments in a residential building caught fire at once. Residents of the upper floors are waving their hands and asking for help from rescuers. An evacuation is underway.
According… pic.twitter.com/NNmcy6scfu
— NEXTA (@nexta_tv) July 26, 2024
Сите расположливи служби за итни случаи излегоа на терен и помагаат во евакуацијата. Со пожарот се борат вкупно 68 пожарникари со 22 возила. Повеќето од луѓето кои живеат во облакодерот се евакуирани.
🇷🇺 A high-rise building is on fire in Ulyanovsk.
A fire broke out on the third floor of a building on Korunkova Street. According to the Base, three apartments are on fire. The entrance was heavily smoky and all residents were evacuated from the house. pic.twitter.com/7JzpTz1sg5
— * (@V141NGs) July 26, 2024
Гувернерот на регионот Уљановск им нареди на раководството на Министерството за здравство и Министерството за социјален развој веднаш да излезат на местото на настанот за да ја координираат медицинската помош на жртвите и да ги решат прашањата за финансиска помош за жртвите.
Градските власти соопштија дека пожарот настанал по експлозија на плинска боца. „Некста“, канал на Х, пишува дека жителите од горните катови мавтале со рацете и побарале помош од спасувачите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Орбан со обвинување до лидерите на ЕУ, дека се согласиле со Зеленски за продолжување на војната
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес ги обвини европските лидери, предводени од Урсула фон дер Лајен, дека се согласиле со украинскиот претседател Володимир Зеленски за продолжување на војната.
„Ова се лоши вести за Европа. Војната за која очигледно нема решение на фронтот, но која подразбира ужасно уништување, се продолжува. Околу 35.000 луѓе умираат или остануваат осакатени секој месец, додека линиите на фронтот едвај се движат, оставајќи стотици илјади вдовици, сирачиња, мајки кои тагуваат по своите синови. Ова е она што Брисел го поддржува“, се наведува во објавата на Орбан на Фејсбук.
Орбан истакна дека стотици милијарди евра се горат „залудно“ и додаде дека војната во Украина не ја осакатува Русија, туку Европа, како и создава ризик од нуклеарен конфликт и конфронтација на Европа со нуклеарна сила, пренесува МТИ.
„Ќе нè вовлечат во тоа ако им дозволиме“, рече Орбан и го обвини лидерот на унгарската опозициска партија дека минатата недела во Минхен со германска помош потпишал таен договор со бриселските лидери.
„Тој ќе ја одвои Унгарија од евтината нафта и гас. Тиса застана на страната на Украина, а не на Унгарците, во енергетската војна. Унгарија мора да остане настрана од ова. Унгарската влада мора да ја зачува безбедноста на Унгарија. Ние ќе го постигнеме тоа“, рече Орбан, додавајќи дека договорот на лидерот на Тиса бил чуван во тајност за да не ја дознаат Унгарците вистината пред изборите, објави Танјуг.
Свет
Рубио го информираше Конгресот за Иран: САД распоредуваат воени сили на Блискиот Исток
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, ги информираше водечките американски законодавци за Иран, во време кога САД распоредуваат огромни воени сили на Блискиот Исток, а американскиот претседател Доналд Трамп вели дека на Иран никогаш нема да му биде дозволено да развива нуклеарно оружје.
Рубио одржа редок брифинг пред американските законодавци за Иран само неколку часа пред обраќањето на Трамп пред Конгресот за состојбата на Унијата.
Трамп рече дека сака да го реши конфликтот со Иран преку дипломатски средства, тврдејќи дека Техеран се обидува да развие балистички ракети што би можеле да стигнат до САД, без да прецизира дополнителни детали, објавува лондонски Гардијан.
„Тие веќе развија ракети што можат да ја загрозат Европа и нашите бази во странство и работат на изградба на ракети што ќе можат да стигнат до Соединетите Американски Држави. Ние сме во преговори со нив. Тие сакаат да постигнат договор, но не сме слушнале дека рекле дека никогаш нема да имаме нуклеарно оружје“, рече Рубио.
Според медиумот, избрана група влијателни законодавци обично добива информации од Белата куќа за доверливи разузнавачки прашања, што може да вклучува подготовки за значајна воена акција.
Последниот пат кога Рубио одржа ваков состанок беше на 5 јануари, денот откако САД започнаа успешна операција за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, пренесува Танјуг.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.

