Европа
(Видео) Гори еден од најголемите трговски центри во источна Европа, засега има едно загинато лице

Гори еден од најголемите трговски центри во источна Европа, објавија агенциите.
Бројни медиуми објавија снимка на која се гледа како наводно гори еден од најголемите трговски центри во источна Европа, трговскиот центар Барабашово во Харков.
One of the largest markets in Eastern #Europe, Barabashovo, is on fire in #Kharkiv. pic.twitter.com/R17SRK0VLv
— NEXTA (@nexta_tv) March 17, 2022
Пожарот буквално ја зафаќа зградата, додека пожарникарите се обидуваат да се справат со огнената стихија. Десетици од нив се на терен, пишува во новинарските извештаи.
Според написите, едно лице загинало додека се обидувало да го изгасне пожарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русите тврдат дека Украинците го нападнале Белгород со дронови еден ден пред најавените преговори

Во серија украински напади со беспилотни летала врз регионот Белгород повредени се најмалку 16 лица, изјави денес гувернерот на регионот во југозападна Русија што граничи со Украина.
Меѓу повредените има лекар и болничар, изјави гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, во апликацијата за пораки Телеграм. Осум лица се хоспитализирани, додаде тој.
Руското Министерство за одбрана објави дека неговите единици уништиле 12 беспилотни летала лансирани од Украина преку ноќ, од кои три над Белгородската област. Министерството известува само за бројот на уништени дронови, а не колку биле лансирани од Украина.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди руските извештаи. Засега нема коментари од Украина. Двете страни негираат дека таргетирале цивили во војната што Русија ја започна со инвазијата на Украина во 2022 година.
Европа
(Видео) Кремљ: Нашата делегација пристигна во Истанбул

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај, додавајќи дека очекуваат и украинската страна да се појави на преговорите.
Кремљ сè уште не објави кој ќе ја сочинува руската делегација на претстојните преговори во Турција, велејќи дека ќе го објави составот дури кога претседателот Владимир Путин „ќе смета дека е потребно“.
🤡The Russian delegation will be in Istanbul on May 15 and expects the Ukrainian side to arrive there, – Kremlin spokesman Peskov pic.twitter.com/ZWpInh9ag3
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) May 13, 2025
Сепак, според информациите добиени од „Вашингтон пост“ од поранешен руски функционер, Русија ќе ја претставуваат министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот на Путин за надворешна политика Јуриј Ушаков.
Европа
Мелони и Ердоган разговараа за претстојните руско-украински преговори во Истанбул

Италијанската премиерка Џорџа Мелони телефонски разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за преговорите за прекин на огнот во Украина, кои треба да започнат во четврток во Истанбул, соопшти нејзиниот кабинет.
„Во светлината на подготвеноста на Турција да биде домаќин на мировни преговори меѓу Украина и Русија во Истанбул, двајцата лидери разговараа за дипломатските перспективи и ја повторија својата поддршка за праведен и траен мир во Украина“, се вели во соопштението.
Се додава дека Мелони му се заблагодарила на Ердоган за посветеноста на Турција на договорено решение кое ќе го заврши конфликтот во Украина, пренесува Анса.
За време на разговорот, Мелони изрази надеж дека Русија, како што направи Украина, ќе прифати целосно и безусловно 30-дневно примирје, „како конкретен знак на подготвеност за мир“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека руската делегација ќе ја чека украинската страна во Истанбул во четврток, но засега не е познато дали рускиот претседател Владимир Путин ќе учествува во преговорите.