Европа
(Видео) Гори зградата на руската Федерална служба за безбедност
Пожар избувна во зградата што ја користи руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во јужниот град Ростов на Дон.
Локалните жители изјавија дека слушнале силна експлозија пред пожарот, јавува Би-би-си.
Rostov-on-Don, Russia, today. pic.twitter.com/5ZZFQV7byq
— KyivPost (@KyivPost) March 16, 2023
Драматичните снимки на социјалните мрежи покажаа голем пожар, кој зафати делови од зградата, а чад беше видлив и во градот.
In #Rostov-on-Don, the building of the #FSB department caught fire.
Local residents report hearing “sounds of explosions”. pic.twitter.com/PahTxWll3E
— NEXTA (@nexta_tv) March 16, 2023
Руските медиуми го објавија пожарот повикувајќи се на службите за итни случаи велејќи дека зградата припаѓа на регионалниот разгранок на граничната патрола на ФСБ.
Службите за итни случаи се на местото на пожарот, кој се чини дека гори во еднокатна зграда во станбена зона на градот.
ФСБ е служба за внатрешна безбедност на Русија и е одговорна за контраразузнавање, безбедност на границите и борба против тероризмот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Најголемата егзекуција на војната: Русите убија 16 Украинци, кои се предадоа, јавуваат украинските медиуми
Руски сили егзекутираа 16 украински воени заробеници во близина на Покровск во областа Донецк. Ова е најголемиот случај на егзекуција на украински воени затвореници, јавуваат украинските медиуми повикувајќи се на Канцеларијата на главниот обвинител.
The Russian military executed 16 (!!!) surrendered Ukrainian soldiers at sight.
This is the worst incident of POW execution known so far in this war.
It happened near Pokrovsk.
Look at what the Russians did – they lined the surrendered Ukrainians up, shot them all down, and… pic.twitter.com/U3ub7PKx3x
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) October 1, 2024
Вчера, на каналите на „Телеграм“ се појави видео од егзекуцијата на 16 украински војници. Се претпоставува дека тоа се случило во атарот на селата Миколаивка и Сукји Јар кај градот Покровско за што со месеци се водат жестоки битки.
Европа
(Видео) Вуледар падна, Русите веат знамиња во центарот на градот
Руските сили имаат целосна контрола над градот Вуледар во областа Донецк во источна Украина, објави утринава каналот SHOT на комуникациската платформа „Телеграм“ и проруските воени блогери.
„Ројтерс“ не може независно да ги потврди извештаите. Руското Министерство за одбрана сè уште не го потврди заземањето на градот.
Confirmed. Russia has fully occupied Vuhledar. Russian units from the 36th Separate Guards Motor Rifle Brigade raised their flag over the Vuhledar City Council. Ukrainian forces have withdrawn to Bohoyavlenka, north of Vuhledar. pic.twitter.com/q2OZueh9Gc
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) October 1, 2024
Регионален украински функционер синоќа изјави дека руските сили стигнале до центарот на градот, стратешко упориште, кое повеќе од две години се спротивставувало на руските напади. Снимките од руските сили како го веат своето знаме на покривот на административната зграда во центарот на градот во вторникот покажаа дека зградата е делумно претворена во урнатини со скршени прозорци.
Европа
Експлозии во близина на израелската амбасада во Копенхаген
Данската полиција истражува две експлозии во близина на израелската амбасада во Копенхаген, објави утринава Ројтерс.
„Никој не е повреден, ние спроведуваме првична истрага на местото на настанот“, објави полицијата во Копенхаген на Икс.
„Се истражува можна поврзаност со израелската амбасада во областа“, додаде полицијата.