Свет
(Видео) Гутереш: Доста беше со уништување на природата, сами си копаме гробови
На климатскиот самит во Глазгов, што се одржува денес и утре, се разговара за климатската иднина на светот, а особено одекна изјавата на првиот човек на ОН, кој остро порача дека самите си ги копаме гробовите во насоката во која моментално оди светот.
На Светскиот состанок за спасување на климата (COP26), со кој претседава Обединетото Кралство, присуствуваат околу 120 лидери – меѓу другите се американскиот претседател Џо Бајден со илјада делегати, германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, индискиот премиер Нарендра Моди, јапонскиот премиер Фумио Кишида.
„ Ние самите си ги копаме гробовите“, рече генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, познат како еден од најжестоките застапници за итно решение на проблемот со емисиите на стакленички гасови. Тој на конференцијата изјави дека „нашата зависност од фосилните горива го турка човештвото во пропаст“.
„ Или ќе го запреме овој процес или тој ќе нè запре нас. Време е да кажеме – доста. Доволно се убиваме со јаглерод. Доволно ја третиравме природата како тоалет. Доволно горевме, дупчевме и се закопувавме подлабоко. Сами си копаме сопствени гробови“, рече Гутереш.
Тој додаде дека неодамнешните најави на земјите дека намалувањето на јаглеродот ќе ги сврти работите се всушност „илузија“ и дека државите треба да одржуваат состаноци и да ги ажурираат своите планови секоја година, а не на секои пет, како што е во моментов, пишува Би-би-си.
„Мораме да избереме амбиција и солидарност, да ја заштитиме нашата иднина и да го спасиме човештвото“, рече Гутереш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

