Свет
(Видео) Демонстрантите од Портланд ја соборија статуата на Томас Џеферсон, авторот на Декларацијата за независност
Група демонстранти во Портланд ја срушија статуата на Томас Џеферсон пред училиште што го носи неговото име, разгорувајќи го огнот на растечката културна поделеност во САД, додека активистите таргетираат обележја кои се сметаат за расистички, пренесува РТ.
Околу 1.000 луѓе се собраа во средното училиште „Џеферсон“ во Портланд, Орегон, во неделата за да слушаат говори пред да заминат на маршот на „Блек лајвс медр“ низ градот. Подоцна во вечерните часови, толпата се врати во училиштето и се фокусираше на статуата на третиот американски претседател и главен автор на Декларацијата за независност.
Tough time for slave owners ?♂️ pic.twitter.com/m0lUWuYqVc
— PDX Resistance ✊ (@Pdx_resistance) June 15, 2020
Две јажиња беа врзани околу вратот на статуата, додека групата се обидуваше да го повлече Џеферсон од пиедесталот што веќе беше испишан со графити „сопственик на робови“.
„Си го враќаме овој град. Едно по едно училиште. Една расистичка статуа по една“, рече еден од говорниците.
Видеата покажуваат дека групата ги влечела јажињата, на крајот туркајќи ја статуата на бетонските скалила пред училиштето. Толпата навивала, додека еден човек вооружен со секира неколкупати ја удрил бронзената статуа. Слични прослави имаше и на Твитер.
Viewer video shows the moment the Thomas Jefferson statue was toppled over in Portland. #Portland #pdx #breakingnews @fox12oregon pic.twitter.com/Upnt7i1AQx
— Bonnie Silkman KPTV (@BonnieSilkman) June 15, 2020
Иако Џеферсон беше сопственик на робови, тој е почитуван заради застапувањето за верска толеранција и индивидуална слобода – вредности кои станаа основни принципи на САД. За многумина, чинот на вандализам е незамислив.
Еден згрозен набљудувач ги обвини демонстрантите дека извршиле варварски чин против историјата и побара акција од гувернерот на Орегон, Кејт Браун. Други тврдат дека вандалите и демонстрантите им прават лоша услуга на „легитимните“ протести против расизмот.
A group removed the Thomas Jefferson statue at Jefferson High School earlier tonight.
Protesters marched back to Jefferson High School later in the night and a speaker addressed the crowd: “We’re taking this city back. One school at a time. One racist statue at a time.” pic.twitter.com/iOBUgUyW4S
— Jamie Goldberg (@Jamiebgoldberg) June 15, 2020
Во саботата демонстрантите во Портланд урнаа две статуи на пионерите кои се доселиле во Орегон. Не е јасно кој бил нивниот мотив, но локалните медиуми соопштија дека обележјата биле таргетирани во минатото заради наводното славење на „освојувањето на белците“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран му се заканува на Трамп: Ќе го испратиме вашиот носач на авиони на дното на морето
Врховниот лидер на Иран се закани дека ќе испрати американски носачи на авиони „на дното на морето“, додека започнуваат разговорите во Женева за да се избегне војна. Но, Хамнеи го отфрли американското воено засилување во Персискиот Залив откако Доналд Трамп минатата недела нареди распоредување на втор носач на авиони во регионот.
„Тие постојано велат дека испратиле носач на авиони во Иран“, рече врховниот лидер на Исламската Република. „Добро, носачот на авиони е опасна машина, но не е поопасно од оружјето што може да го испрати на дното на морето“.
Покрај тоа, Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), елитна единица лојална на Хамнеи, започна поморски вежби во Ормутскиот теснец и објави дека привремено ќе затвори делови од клучната линија за превоз на нафта за време на вежбите со боева стрелба. Тоа би бил првпат тесниот влез во Заливот да биде блокиран од војните со танкери во 1980-тите.
Заканите на Хаменеи за потопување на американски воени бродови веројатно се насочени првенствено кон домашната публика, а не кон Вашингтон, но сепак ризикуваат да го налутат претседателот Трамп.
„Се чини дека американскиот претседател постојано повторува дека нивната армија е најсилна во светот“, рече Хаменеи. „Но, дури и најсилната армија во светот понекогаш може да добие шлаканица од која нема да се опорави.“
фото/ЕПА
Свет
Кремљ: Русија би можела да ја користи морнарицата ако Западот ги заплени нашите бродови
Русија би можела да ја користи својата морнарица за да ги спречи европските сили да ги запленат нејзините бродови, а исто така би можела да возврати и на европскиот превоз ако бидат запленети руски бродови, изјави Николај Патрушев, близок сојузник на претседателот Владимир Путин.
Западните земји се обидуваат да ја исклучат Русија од глобалната трговија и да ѝ го одбијат финансирањето со воведување на повеќе од 30.000 санкции поради војната во Украина.
Тие, исто така, се обидоа да ги блокираат танкерите за нафта за кои се сомнева дека превезуваат руски пратки нафта.
Во јануари, САД запленија танкер за нафта под руско знаме како дел од напорите за ограничување на извозот на венецуелска нафта.
Рускиот претседател Владимир Путин ги опиша ваквите дејствија како пиратство.
„Ако не им пружиме силен отпор, наскоро Британците, Французите, па дури и балтичките земји ќе станат толку арогантни што ќе се обидат да го блокираат пристапот на нашата земја до морињата, барем до оние во Атлантскиот басен“, рече Патрушев, советник на Путин и претседател на Рускиот поморски комитет, за рускиот медиум „Аргументи и факти“.
„Веруваме дека, како и секогаш, најдобриот гарант за безбедноста на пловидбата е морнарицата. Во главните поморски области, вклучувајќи ги и регионите далеку од Русија, мора трајно да бидат распоредени значајни сили, сили способни да ги смират страстите на западните пирати“, рече Патрушев.
РЕ-Дигитал
Русија целосно ќе го блокира Телеграм
Русија се подготвува целосно да ја блокира популарната апликација за пораки Телеграм од 1 април, објави рускиот Телеграм канал База. Руското тело за цензура Роскомнадзор ниту ја потврди ниту ја негираше оваа информација, пишува Украинска правда.
Повикувајќи се на своите извори, База наведува дека Роскомнадзор ќе иницира целосно блокирање на апликацијата, слично на она што го направи со Инстаграм и Фејсбук. Овие социјални мрежи во сопственост на Мета се означени како екстремистички и забранети во Русија. Според истите извори, Телеграм треба да престане да работи на целата територија на Русија, и преку мобилен интернет и преку Wi-Fi мрежи.
Кога беше прашан за најавената блокада, Роскомнадзор кратко рече: „Агенцијата нема што да додаде на претходно објавените информации за ова прашање“.
фото/Depositphotos

