Европа
(Видео) Демонстранти блокираа мост во Будимпешта поради најавеното зголемување на даноците

Демонстранти блокираа мост во централна Будимпешта додека парламентот расправаше за владиниот предлог на премиерот Виктор Орбан за зголемување на даноците на стотици илјади мали бизниси, пренесуваат локалните медиуми.
Демонстрантите се собрале на плоштадот пред парламентот, а потоа се упатиле кон блискиот мост на Дунав блокирајќи го сообраќајот во двата правца на мостот што ги поврзува Будим и Пешта.
We have been blocking Margaret Bridge in Budapest for over an hour now, in protest against modifying the tax law in a way that makes it even harder for small taxpayer enterprises. Sign the petition:https://t.co/sI6tUdpJok pic.twitter.com/1WhMKOQRwE
— aHang (@szabadahang) July 12, 2022
Орбан се соочува со најголемите предизвици по преземањето на власта во 2010 година – највисока инфлација во последните 20 години, рекордно низок курс на форинтата и замрзнати средства од европските фондови поради спорот за демократските стандарди, анализираат медиумите. Во понеделникот неговата влада испратила до парламентот измени на законот, со кои драстично се заострува даночниот режим што малите бизниси го користеа за едноставна администрација и ниски даночни стапки.
Но, владата, како што пишува во написите, вели дека некои компании го злоупотребиле и ги принудиле работниците да влезат во шемата за да ги намалат трошоците, што доведува до форма на прикриена работа. Кога ќе бидат усвоени од парламентот, новите правила треба да стапат во сила во септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин