Европа
(Видео) Драматична сцена од Шпанија: Зграда се урна само неколку моменти по евакуацијата на станарите -„Ако се случеше ова додека спиевме сите ќе бевме мртви“
Видео го прикажува страшниот момент кога петкатница во Шпанија се урна речиси по една секунда откако нејзините жители беа евакуирани.
Жител на зградта во регионот Арагон, во вторникот наутро повикал пожарникари откако начул нешто како шкрипење.
Кога пожарникарите пристигнале на местото на настанот, некои станари веќе ја напуштиле зградата откако слушнале застрашувачки звуци и виделе пукнатини.
Штом пожарникарите завршија со евакуацијата на преостанатите станари, зградата во која беа сместени 21 семејство, драматично се урна.
Според локалните медиуми, колапсот се случил „секунда“ по завршувањето на евакуацијата.
Причината за уривањето сè уште не е позната. Сепак, некои жители се загрижени дека неодамнешните дождови во комбинација со неисправен систем за одводнување можеби се причината за ваквата случка.
Неколку дена претходно, неколку станари отидоа во Градската куќа да пријават проблем со вода.
Неколку часа по колапсот, новинарот, писателот и добитник на литературна награда Хавијер Сијера, кој живеел во зградата со своите родители кога бил дете, се огласи на Твитер и напиша: „Сакаме да испратиме голема прегратка до семејствата кои видоа како денес им се уништуваат домовите“.
Локалниот полицаец Ангел Лорас изјави за локалните медиуми: „Основните структури беа како хартија, тие целосно се распаднаа и предизвикаа уривање на зградата под притисок“.
Претходно за време на невреме во овој регион наврна голема количина на дожд.
Жителка на зградата, Елвира Мартин, за локалните медиуми изјави: „Се јавивме во градското собрание. Во петокот бевме таму и пријавивме дека водата сè уште влегува, барајќи од нив некој да погледне, но не ни обрнаа внимание.
Антонио Армунија, чиј магацин беше во подрумот на зградата, рече: „Зградата не беше толку стара. Градското собрание не ја проценило ситуацијата и само го повикало водоводното претпријатие. Синоќа се симнав во гаражата и имаше многу вода. Да се случеше додека спиевме, сите ќе бевме мртви“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Италија во проблеми: младите работници бегаат во странство
Младите квалификувани Италијанци сѐ повеќе заминуваат во странство, што може скапо да ја чини италијанската економија.
Дури 40 отсто од вработените до 34 години имаат договори на определено или сезонски договори. За остатокот од работоспособното население тој процент е значително помал и изнесува 13 проценти.
Во Италија просечната годишна бруто-плата е околу 27.000 евра, што е дванаесет отсто помалку од просекот на ЕУ и 23 отсто помалку од германскиот просек. Вработените помлади од 34 години заработуваат во просек по речиси 16.000 евра. Постојаниот, добро платен договор е редок за младите луѓе во Италија.
Експертите забележуваат опасен развој за италијанската економија – сѐ повеќе добро образовани студенти емигрираат во странство, и до 20.000 годишно, а овие бројки се тројно зголемени во последните десет години.
Кристина Фрегуја раководи со секторот на пазарот на труд во агенцијата за статистика „Иста“. Таа забележува зголемени тешкотии кога станува збор за наоѓање и задржување квалификувани работници, особено на југот на земјата, кои се итно потребни за модернизација на економијата и економскиот раст.
Додека северот на Италија сè уште има корист од емигрантите од југот, овие традиционално помалку развиени делови од земјата губат десетици илјади работници секоја година.
Состојбата на италијанскиот пазар на труд е уште потешка за младите жени. Ним им се нудат договори на определено време многу почесто од нивните машки колеги. Слабата понуда на јасли и градинки, особено на југот, дополнително ги принудува младите жени да одлучуваат помеѓу семејството и кариерата.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.