Свет
(Видео) Драма во Тајланд: Момчињата се на четири километри од излезот на пештерата, но не знаат да пливаат

Акцијата за спасување на младите тајландски фудбалери и на нивниот тренер од поплавената пештера на северот на земјата за денеска е завршена. Во текот на денот извлечени се четири момчиња, односно вкупно осум во изминативе два дена, додека во пештерата останаа уште четири момчиња и нивниот тренер.
Денеска е 16-ти ден како групата е заробена во пештера, која во најголем дел е поплавена. Момчињата се оддалечени речиси четири километри од излезот, а повеќето од нив не знаат да пливаат. Во акцијата за спасување учествуваат нуркачи од различни делови на светот, како и тајландската војска и специјални единици. Акцијата ја отежнува силниот дожд кој од вчера почна да врне.
Thai cave rescue mission to resume with eight boys and coach still trapped!
Trapped since nine days without food!
Kudos to those expert Divers from rescue team. #ThaiCaveRescue pic.twitter.com/Er9loHXnaH— Hitesh (@hitb007) July 9, 2018
Член на семејствата на момчињата за Си-ен-ен изјави дека родителите не знаат кое од момчињата е извлечено од пештерата, а кои се останати внатре. Нивните имиња не се објавуваат од почит кон семејствата на децата кои сè уште не се спасени.
Приказната за спасување на момчињата од поплавената пештера ја следат медиумите ширум светот. Поддршка за заробените момчиња стигнува од сите страни. Една таква порака е забележана и на лондонското метро.
Support for Thai cave rescue mission, now in its second day, spotted inside #London’s Angel tube station #ThaiCaveRescue pic.twitter.com/zoW01U326A
— Sally Mairs (@ssmairs) July 9, 2018
Две амбулатни возила се видени како се удалечуваат од влезот на пештерата Туам Луанг. Како што пишува „Гардијан“, најверојатно во нив се шестото и седмото момче кои веднаш се пренесени во болница.
Two more ambulances were seen, leaving #Tham Luang cave. They are believed to transfer the 6th and 7th boys to hospital. @TNAMCOT pic.twitter.com/JuNszzXy5V
— TNAMCOT English (@TNAMCOTEnglish) July 9, 2018
Четири момчиња и тренерот коишто останаа во пештерата ќе бидат извлечени во текот на утрешниот ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Германскиот канцелар Мерц: Путин мора сериозно да ја сфати понудата за дијалог

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Русија има „можност да се согласи на прекин на огнот и да ги прекине непријателствата“, по виртуелната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во среда.
Мерц ги истакна очекувањата на Европа пред потенцијалните мировни преговори.
We stood as one as we conveyed these clear messages to President Trump before he set off for Anchorage. I remain in contact with him. President Trump can now accomplish an important step towards peace. 5/6
— Bundeskanzler Friedrich Merz (@bundeskanzler) August 15, 2025
„Очекуваме претседателот Путин сериозно да ја сфати понудата за дијалог на претседателот Трамп и, по средбата во Алјаска, да започне безусловни преговори со Украина“, рече тој.
фото: принтскрин
Свет
Поранешен шеф на МИ6: Ако има денеска мировен договор, тоа е многу лоша вест за Украина

Поранешниот шеф на британската разузнавачка служба МИ6, сер Џон Соерс, предупреди дека мировниот договор постигнат денес на Алјаска, веројатно, би претставувал лоша вест за Украина, пишува „Скај њуз“.
Во разговорот тој го разјасни својот став. „Не очекувам од овој состанок да произлезе јасен мировен план. Ако го има, тоа е многу лоша вест за Украина бидејќи ако Путин успее да го заклучи претседателот Трамп во позиција што е блиска до рускиот концепт за завршување на војната, Украина во суштина би можела да биде потчинета на контролата на Кремљ“, рече тој.
Соерс верува дека луѓето со право се скептични кон рускиот претседател Владимир Путин, но истакнува дека денешната средба на Алјаска сè уште нуди одредена можност.
„Секој обид за завршување на војната мислам дека е добредојден и тука има можност. Колку и да сум скептичен кон Путин, постои можност да се почне процес што би можел да доведе до крај на овој конфликт“, заклучи поранешниот шеф на МИ6.
Свет
(Видео) Лавров пристигна на Алјаска облечен во џемпер со натпис „СССР“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе му претстави јасна и разбирлива позиција на американскиот претседател Доналд Трамп на неговиот самит со рускиот претседател, Владимир Путин.
Тој кусо разговараше со новинарите во четвртокот по пристигнувањето во хотел во Анкориџ, облечен во џемпер со натпис „CCCP“.
Lavrov has arrived for the meeting in a shirt that says СССР (USSR). https://t.co/D5yrC2MFhD pic.twitter.com/h5HYuvTrob
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 15, 2025
Лавров истакна дека многу е постигнато за време на неодамнешната посета на американскиот специјален претставник Стив Виткоф на Москва и дека Кремљ се надева оти ќе го продолжи корисниот разговор на самитот в петок.
„Никогаш не правиме планови однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасна и разбирлива позиција. Ќе го презентираме тоа“, рече Лавров.
„Многу е веќе постигнато за време на посетата на американскиот специјален претставник Виткоф… Се надевам дека утре ќе го продолжиме овој корисен разговор“.