Европа
(Видео) Драма на паркинг во САД: Очаен татко со палка го кршел прозорецот од автомобилот за да го спаси своето бебе
На социјалните мрежи се појави видео од очаен татко кој со палка ја крши шофершајбната на автомобилот за да го спаси своето бебе од вжештена кола.
Целата драма се одвивала на паркинг во Арлингтон, Тексас, додека температурата на воздухот била 38°C.
Texas man smashes windshield on car to help save baby locked inside a car during 100 °F (37.7 °C) heat.
A crowd of people assisted in helping get the baby out safely.
The parents of the child accidentally left the keys inside the car, trapping the baby. pic.twitter.com/Yp0JW4rtO3
— Oli London (@OliLondonTV) July 24, 2023
Таткото со помош на случајни минувачи успеале да направат доволно голем отвор за да го извлечат бебето, пишува „Дејли Мејл“.
Полицијата во Харлинген соопшти дека родителите го оставиле клучот и авомобилот се заклучил а внатре било бебето кога околу 10:30 часот температурата почнала да расте. Жената на крајот се качила низ скршеното стакло и го предала бебето на еден од мажите пред автомобилот.
Наредникот Лери Мур рече дека била повикана полиција откако бебето било спасено, а ЕМС пристигнала на местото да ја провери неговата состојба.
Не е познато колку долго бебето поминало заклучено во автомобилот, а Националната управа за безбедност на сообраќајот на автопатите објави дека се потребни само 10 минути температурата во автомобилот да се зголеми за 20 степени.
Во изминатите 25 години, речиси 1.000 деца умреле од топлотен удар откако биле заклучени во жежок автомобил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

