Свет
(Видео) Експлодира цистерна со гас во Монголија, има загинати и повредени
Во Улан Батор, Монголија, дошло до експлозија на резервоар со 60 тони гас. Има загинати и повредени, но информациите за нивниот број се разликуваат.
Порталот News.mn објави дека загинале шест лица, десет се повредени, а други локални медиуми објавија дека има 24 загинати, но оваа информација не е потврдена.
Противпожарни екипи, брза помош и полиција се на терен. Според изјавите на очевидци, по експлозијата, пожарот бргу се проширил на околните автомобили, станбените згради и на пазарот.
Локалните медиуми јавуваат дека до експлозијата довеле лошите услови за возење поради мразот.
Во тек е евакуација на жителите од околните згради.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Експлозии во Израел: се слушаат сирените за тревога, луѓето бегаат во засолништа
Експлозии се слушнаа откако се огласија сирените во централниот дел на Израел, јавува Ројтерс.
Сирените за воздушен напад се слушнале во Тел Авив и централен Израел.
Ова доаѓа набргу откако Бенјамин Нетанјаху слета на меѓународниот аеродром во Тел Авив, според Асошиетед прес.
Снимките објавени на социјалната мрежа „Х“ покажуваат како луѓето бегаат во паника за да се засолнат.
⚡️Terrorist rats running in Tel Aviv following sirens pic.twitter.com/N0oQfOKW6H
— War Monitor (@WarMonitors) September 28, 2024
Ballistic missile attacks targeting Israel are being launched from Yemen. Sirens have begun to sound in Tel Aviv, and residents are rushing to shelters. pic.twitter.com/SC5zgELYoQ
— Gaza Notifications (@gazanotice) September 28, 2024
На мапа со црвено се означени таргетираните точки, а во објавата пишува „Масивен удар врз Тел Авив се случува токму сега, најверојатно од Хезболах“.
🚨 Massive strike on Tel Aviv happening right now, likely by Hezbollah pic.twitter.com/nW4xx2jNEc
— Iran Observer (@IranObserver0) September 28, 2024
Свет
Над 50.000 луѓе кои живеат во Либан преминале во Сирија за да избегаат од израелските воздушни напади
Високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди, рече дека повеќе од 50.000 Либанци и Сиријци кои живеат во Либан сега преминале во Сирија бегајќи од израелските воздушни напади. „Повеќе од 200.000 се раселени во Либан“, додаде тој во објавата на X.
More than 50,000 Lebanese and Syrians living in Lebanon have now crossed into Syria fleeing Israeli airstrikes. Well over 200,000 are displaced inside Lebanon.
Relief operations are underway, including by UNHCR, to help all those in need, in coordination with both governments. pic.twitter.com/Qcvdw79z8A
— Filippo Grandi (@FilippoGrandi) September 28, 2024
Агенцијата на ОН за бегалци соработува со сириската влада и партнерите за да се забрза обработката на оние што пристигнуваат. Официјални лица рекоа дека Сирија им дозволува на либанските државјани да влезат на неодредено време се додека имаат некакви документи на кои се гледа нивното име.
Регион
Силен земјотрес во Грција
Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Грција, објави ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на 44 километри од Пиргос, на длабочина од 20 километри.
Во близина е островот Закинтос.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 41 km S of #Pýrgos (#Greece) || 3 min ago (local time 15:18:15). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/7n5aGlNhsu
— EMSC (@LastQuake) September 28, 2024