Свет
(Видео) Експлозија на гас во зграда во Русија, има жртви и многу исчезнати

Најмалку тројца загинати и 79 се исчезнати кога гас експлодирал во станбена зграда во Магниторск во јужен Урал, пренесуваат руските медиуми. Како што соопшти министерството за внредни ситуации, регионот Чељабинск, шест луѓе се извлечени од урнатините, тројца се повредени, вклучително и дете, пренесе ТАС С.
Според првичните информации, главна причина за несреќата е експлозија на гас, која довела до уривање на влезот на зградата.
Во акцијата за спасување ангажирани се 469 луѓе. Заменик регионалниот гувернер Олег Климов рекол дека судбината на 79 луѓе засега не е позната.
Руската министерка за здравство Вероника Скворцова се упатила кон местото на несреќата по наредба на претседателот Путин.
Руските медиуми наведуваат дека во прашање е зграда од 10 ката и дека експлозијата одекнала околу 4 часот утрото по локално време. Во зградата живееле 110 луѓе во 48 станови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
За реконструкција на Украина ќе бидат потребни повеќе од 520 милијарди долари

Трошоците за обнова на украинската економија по завршувањето на војната се проценуваат на 524 милијарди долари, објавија денеска Светската банка, Обединетите нации, Европската комисија и владата во Киев.
Најтешко погодени сектори се домувањето, транспортот, енергетиката, трговијата и образованието, пишува Ројтерс.
Украинската влада, со поддршка од донатори, одвои речиси 7,4 милијарди долари за приоритетни потреби оваа година, но сè уште ѝ недостигаат речиси 10 милијарди долари.
Директната штета од руските напади достигна 176 милијарди долари, што е за 24 милијарди долари повеќе од пред една година.
Околу 13 отсто од станбениот фонд на Украина е оштетен или уништен, погодувајќи повеќе од 2,5 милиони луѓе.
Во текот на изминатата година евидентирани се 70 отсто повеќе штети на енергетските постројки.
Беше наведено дека за реконструкција на станбениот сектор ќе бидат потребни околу 84 милијарди евра, додека само за чистење на урнатините ќе чини речиси 13 милијарди.
Свет
Поведена нова потрага по авионот на „Малезија ерлајнс“ 11 години по исчезнувањето

Потрагата по авионот на „Малезија ерлајнс“, кој исчезна со 239 луѓе во 2014 година, продолжи по речиси 11 години.
Патничкиот авион исчезна на несреќниот лет „MH370“ на 8 март 2014 година додека летал од главниот град на Малезија, Куала Лумпур, за Пекинг.
Исчезнувањето на „боингот 777“ без трага претставува една од најголемите мистерии во историјата на авијацијата.
Денес, 11 години подоцна, компанијата „Оушн инфинити“ почна нова потрага во Индискиот Океан во близина на брегот на Перт.
Австралискиот медиум „9 њуз“ објави дека бродот „армада 7806“ во текот на викендот пристигнал на дестинацијата за пребарување, која се наоѓа на речиси 1.500 километри од брегот на Перт.
Потрагата ќе опфати површина од 15.000 квадратни километри во следните шест недели.
Малезискиот министер за транспорт, Ентони Лок, во декември минатата година потврди дека „Оушн инфинити“ ќе почне потрага според договорот што го поврзува плаќањето исклучиво со пронаоѓање на остатоците од авионот.
Доколку ги пронајде остатоците, на компанијата ќе ѝ бидат исплатени 70 милиони долари, во спротивно нема да добие надомест за пребарувањето.
Свет
Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимитетот на Зеленски

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Володимир Зеленски како претседател, а во исто време ја отфрла можноста за одржување избори до крајот на војната.
Ова се случува по изјавите на американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин, кои сугерираа дека владеењето на Зеленски е нелегитимно бидејќи не се одржани избори во Украина.
Украинската Рада ја усвои резолуцијата на втор обид откога вчера немаше доволно гласови за поддршка за нејзино усвојување, јавува „Еј-би-си њуз“.
Зеленски во неделата рече дека ќе се повлече ако тоа донесе мир во Украина додавајќи дека тоа ќе го стори дури и ако тоа значи дека неговата земја ќе добие членство во НАТО.