Свет
(Видео) Ескалираат судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 убиени, меѓу нив и деца
Ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас. Од Тел Авив се слушаа сирени од раните утрински часови. Одекнаа и неколку експлозии. Најмалку 35 Палестинци, од кои 10 деца и пет Израелци, се убиени во судирите досега, соопштија здравствените власти.
Израелскиот премиер најави дека ќе ги интензивира нападите врз Газа, а претставникот на ООН за Блискиот Исток повика на прекин на огнот и предупреди дека „трошоците за војната ги плаќаат обичните луѓе“. Во градот Лод е прогласена вонредна состојба поради конфликтот, кој официјалните лица го опишуваат како граѓанска војна.
Советот за безбедност на ООН денеска ќе одржи вонреден состанок поради последниот израелско-палестински конфликт, во кој, според последните податоци, беа убиени вкупно 40 лица.
Состанокот беше инициран од Кина, Тунис, Норвешка, Франција, Естонија, Ирска, откриваат дипломатите.
На претходниот состанок во понеделникот Советот за безбедност на ООН не успеа да договори заедничка изјава.
Во градот Лод избувнаа немири, што градоначалникот ги опишува како граѓанска војна. Во овој град е прогласена вонредна состојба. Немирите беа предизвикани од палењето на синагогата во близина на израелскиот аеродром „Бен Гурион“ во вторникот поради конфликтот меѓу арапските и еврејските жители, пренесува Би-би-си.
Во овој град запалени се десетици автомобили и искршени се излози на продавници. Најмалку 12 лица беа повредени.
Градоначалникот на Лод вели дека конфликтот во градот е како граѓанска војна и повика на итно воведување полициски час. Сериозни конфронтации имало и во Акра во северен Израел и во Јафа кај Тел Авив.
Израел рано утрово изврши стотици воздушни напади врз Газа, а палестинските милитантни групи истрелаа ракети кон Тел Авив и Бершеба.
Избувнаа и неколку експлозии, само неколку минути откако Хамас објави дека лансирал повеќе од сто ракети кон Тел Авив како одговор на израелските воздушни напади врз палестинската крајбрежна енклава.
Портпаролот на Хамас, Фаузи Бархум, изјави дека Хамас нема да се повлече и ќе возврати на секој израелски напад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи
САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа погодени и голем број други ирански градови.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека нападот ќе ја прекине безбедносната закана за САД и ќе им понуди на Иранците можност да ги соборат своите владетели. Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.
Иран одговори со испукување ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Иран, исто така, изврши напади врз американски воени објекти во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар…
Се очекува говор на ајатолахот Али Хамнеи, објави Би-Би-Си, наведувајќи дека неговиот говор наскоро ќе биде емитуван. Не е јасно дали тоа ќе биде снимена порака или иранскиот врховен лидер ќе зборува во живо. Неговото моментално место на живеење е непознато. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, тврди дека, доколку тој знае, ајатолахот е жив, а Ројтерс претходно објави дека е префрлен од Техеран на „безбедна локација“.
Израелската војска во саботата попладне објави дека изведува нови напади врз ирански ракетни лансери, како дел од заедничкиот напад со САД врз Иран, додека Техеран, исто така, објави дека изведува нов бран напади врз американски цели во регионот.
Израелските воздухопловни сили „започнаа со прелети и моментално напаѓаат ракетни лансери во Иран за да спречат закана за Државата Израел“, се вели во краткото воено соопштение.
Пожар избувна пред луксузниот хотел „Фермонт Палм“ во Дубаи. Пожарот наводно бил предизвикан од остатоци што паднале од небото за време на ирански ракетен напад, а автентичноста на снимката ја потврди „Скај њуз“.
Fairmont Dubai Palm on fire. Heard loud explosion, stay safe pic.twitter.com/HLo8oS6dSc
— Alex | The Modern Freelancer (@alex_tfmg) February 28, 2026
Свет
Нов бран напади против иранските ракетни фрлачи почнаа израелските воздухопловни сили
Израелските воздухопловни сили спроведуваат нов бран воздушни напади против иранските балистички ракетни фрлачи, соопшти ИДФ.
– Воздухопловните сили почнаа операција и во моментов ги напаѓаат ракетните фрлачи во Иран за да ги отстранат заканите за државата Израел – се вели во соопштението на војската што го пренесе Тајмс оф Израел.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.

