Европа
(Видео) Загина момче во Монпелје во немирите по синоќешниот меч Франција – Мароко

Едно момче загина во уличните нереди и навивачки конфликт по полуфиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Франција и Мароко во францускиот град Монпелје.
Според извештаите на локалните вести, момчето било „насилно удрено“ од автомобил и било пренесено во болница, но набргу потоа починало како последица на повредите. Полицијата го истражува овој трагичен настан.
Mondial: des tensions près des Champs-Élysées après la qualification de l'équipe de France en finale pic.twitter.com/rPT8YCUHNz
— BFMTV (@BFMTV) December 15, 2022
Околу стотина навивачи беа приведени синоќа во Брисел поради нереди откако Мароко загуби од Франција со 2:0 во полуфиналето на Светското првенство.
Навивачите се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир, оштетување на две полициски возила и поседување забранети огномети.
Des affrontements ont lieu à Montpellier ce soir entre marocains et français…
🎥 @MLMontpellier pic.twitter.com/0szmh5E2Zt
— BeFootball (@_BeFootball) December 14, 2022
Делови од улиците во центарот на градот беа опколени во пресрет на натпреварот. На улиците имаше купишта запалено ѓубре, како и голем број полицајци со опрема за контрола на нереди на улиците на Брисел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин