Свет
(Видео) Застрашувачки снимки од Индија, пациенти оставени да умираат, лекарите се кријат
Во Индија се појавија застрашувачки снимки од пациенти заразени од коронавирус, кои, според тврдењата на нивните семејства, лекарите ги оставиле да умрат без кислород, заклучени во болиничките оделенија.
Трагичната сцена се случила во болницата „Крити“, приватна клиника во близина на Њу Делхи, минатата недела откога на семејствата на пациентите им било соопштено дека во болницата недостига кислород.
6 patients died in Kriti Hospital Gurgaon due to lack of oxygen on April 30, Director of the hospital says he spoke to every Govt official about oxygen shortage but no one responded.
Who is to be held responsible for the deaths India is seeing daily due to lack of Oxygen? pic.twitter.com/AxjItvLbwu
— Waris Pathan (@warispathan) May 5, 2021
Роднините што плаќаа повеќе од илјада долари на ден за кревет рекоа дека дошле во болницата, но ги нашле пациентите напуштени, а одделот за интензивна нега заклучен. Кога конечно се отворила вратата, се утврдило дека пациентите починале, изјавиле тие.
Полицијата морала да реагира кога роднините на жртвите го пронашле медицинскиот персонал што се сокрил во мензата бидејќи се заканиле дека ќе ги нападнат, пишуваат светските агенции.
Полицијата соопшти дека институцијата не е овластена за лекување на пациенти со Ковид-19 и дека истрагата е во тек.
Инаку, болницата има 50 кревети за пациенти со коронавирус, а според лекарите, оние што починале биле на возраст меѓу 40 и 80 години.
Менаџментот на болницата потврди дека лекарите и персоналот привремено се сокриле, јавуваат агенциите.
„Плашејќи се од загубата на нивните животи, тие се сокрија во мензата за да не ги нападнат нивните семејства. Сепак, лекарите и персоналот се вратија на работа набргу по пристигнувањето на полицијата”, изјави портпаролот на болницата.
Директорот на болницата изјави дека членовите на семејствата биле предупредени да ги пренесат своите пациенти поради кислородната криза.
„И покрај многуте барања, никој не дојде пред да починат пациентите“, рече тој.
Инаку, и викендов имаше рекорден број смртни случаи во Индија, пишуваат медиумите, а трет ден по ред бројот на новозаболени е поголем од 400.000. Медицинските експерти велат дека вистинските податоци можаеда бидат од пет до десет пати повисоки од официјалните бројки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев.
Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас.
Тој ги обвини западните земји што му забраниле да ја нападне Русија со нивното оружје.
„Русите можат да не нападнат на наша територија, тоа е најголемата предност што ја има Русија, но ние не можеме да направиме ништо со западното оружје на нивните вооружени системи лоцирани на руска територија. Немаме право“, вели Зеленски.
Според него, Западот се плаши и од руски и од украински пораз и оваа ситуација ја нарече апсурдна.
„Ние сме во апсурдна ситуација кога Западот се плаши дека Русија ќе ја изгуби војната. А во исто време тие не сакаат Украина да ја изгуби. Затоа што конечната победа на Украина ќе доведе до пораз на Русија и конечна победата на Русија ќе доведе до пораз на Украина“, истакна Зеленски.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.