Свет
(Видео) Зеленски го посети потопениот Херсон
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека го посетил поплавениот јужен регион Херсон и разговарал за ситуацијата по уништувањето на браната „Каховка“.
Зеленски на „Телеграм“ напиша дека разговарал со властите за евакуација на населението од поплавените подрачја за санирање на последиците предизвикани од експлозијата на браната, како и за поддршка на поплавените подрачја, пренесе „Ројтерс“.
Зеленски рече дека разговарале и за обновувањето на екосистемот во регионот и за оперативната воена состојба по катастрофата предизвикана од уривањето на браната „Каховка“.
❗️President Zelensky is in Kherson
“Our task is to protect life and help people as much as possible. Thanks to the rescuers and volunteers! Thank you to everyone involved in this work!” pic.twitter.com/FiGNKvX59z
— Maria Drutska 🇺🇦 (@maria_drutska) June 8, 2023
Украинскиот претседател објави и видеа од посетата на Херсон.
Во посебна објава, придружена и со видео, Зеленски изјави дека го посетил и патниот премин преку кој се евакуира населението.
„Важно е да се пресмета штетата и да се издвојат средства за обесштетување на жителите и стопанствениците погодени од катастрофата“, рече Зеленски.
Градоначалникот на Херсон претходно денес изјави дека 600 квадратни километри од регионот се под вода – поголемиот дел од руската окупирана страна на Днепар – и дека речиси 2.000 луѓе веќе ги напуштиле погодените области.
Пет лица загинаа по уривањето на хидроцентралата „Каховска“ во Херсонската област на југот на Украина, изјави началникот на градскиот округ Новокаховка, Владимир Леонтиев.
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат дека во вторникот ја уништиле хидроелектричната брана „Каховка“.
Херсон се наоѓа на бреговите на реките Днепар, 60-ина километри низводно од браната „Каховка“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.
Свет
Рјабков: Русија нема доверба во НАТО
Геополитичките проекти со НАТО сега се невозможни, Москва нема доверба во Алијансата и кај нас предизвикува политичка и емотивна одбивност, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
„Геополитички дизајн од секаков вид со НАТО е невозможен. НАТО не е пандан способен за преговори, тоа е групација во која не само што немаме ни најмала доверба, туку ни предизвикува политички и, дури би рекол, емотивна одбивност“, рече Рјабков во интервју за ТАСС.
Тој посочи дека Русија ќе работи со оние „кои се подготвени да преговараат на еднаква основа“.
„Големиот евроазиски простор, концептите на евроазиската безбедност, се она што доаѓа во центарот на вниманието на архитектонските проекти во однос на политиката и геополитиката. Според нас, тоа е она на што пред се треба да се фокусираме“, посочи Рјабков.