Свет
(Видео) Зеленски го свика Советот за безбедност: „Ова е доказ дека Русите се терористи“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на „Твитер“ објави видео од уништената брана „Нова Каховка“ нарекувајќи ги руските сили во Украина „терористи“.
„Руски терористи. Уништувањето на браната во хидроцентралата ‘Каховка’ само му потврдува на целиот свет дека мора да бидат протерани од секој агол на украинската територија. Не треба да се остават ниту еден метар бидејќи секој метар ќе го користат за терор“, објави Зеленски.
Russian terrorists. The destruction of the Kakhovka hydroelectric power plant dam only confirms for the whole world that they must be expelled from every corner of Ukrainian land. Not a single meter should be left to them, because they use every meter for terror. It’s only… pic.twitter.com/ErBog1gRhH
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) June 6, 2023
„Само победата на Украина ќе ја врати безбедноста. И таа победа ќе дојде. Терористите нема да може да ја спречат Украина со вода или проектили или нешто друго. Сите служби си ја вршат својата работа. Свикав седница на Националната безбедност и одбрана. Ве молиме, ширете ги само официјалните и проверени информации“, најави украинскиот претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Фото: Депозитфотос
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.

