Контакт

Свет

(Видео) Иран го нападна Израел

Објавено пред

Иран започна напад врз Израел користејќи десетици беспилотни летала, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел е подготвен.

dobivaj vesti na viber

„Израел во изминатите неколку недели се подготвуваше за можност за директен напад од Иран, а нашата противвоздушна одбрана е распоредена. Подготвени сме за секое сценарио, и за напад и за одбрана“, рече Нетанјаху.

Проценката е дека на беспилотните летала ќе им бидат потребни неколку часа да летаат до Израел.

Пред неколку минути на социјалната мрежа Икс (Твитер) се појави видео за кое се тврди дека ги прикажува камикази дронови лансирани против Израел.

Свет

Украински политичар тврди: Америка ја прекина испораката на оружје за Украина

Објавено пред

Според претседателот на комисијата за одбрана на украинскиот парламент, Роман Костенко, САД престанале да испорачуваат оружје на украинската армија.

dobivaj vesti na viber

Причините за прекинот на испораката на американско оружје се непознати, а освен Роман Костенко, ниту еден друг украински функционер не се огласил по ова прашање.

„Според моите информации, оружјето што требаше да се продаде веќе не се доставува. Тие компании што требаше да го пренесат тоа оружје сега чекаат, бидејќи нема одлука“, рече Костенко.

„И сите чекаат да видат дали ќе се донесе одлука, барем да се набави оружје за пари“, додаде Костенко.

Американско-украинските односи беа значително нарушени во изминатиот период поради мировните преговори меѓу САД и Русија.

Прикажи повеќе...

Свет

Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина.

dobivaj vesti na viber

„Треба да продолжиме да ја зајакнуваме Украина за да дојде на преговарачка маса“, рече Руте на заедничката прес-конференција со словачкиот претседател Петер Пелегрини во Братислава.

Тој рече дека Украина ќе бара „цврсти безбедносни гаранции“ за да се постигне траен мир, додавајќи дека земјите од НАТО веќе разговараат „што би можело да значи тоа“.

Прикажи повеќе...

Свет

Маск: Украинците го презираат Володимир Зеленски

Објавено пред

„Украинците го презираат Володимир Зеленски кој профитира од загинатите украински војници“, напиша Илон Маск на X.

dobivaj vesti na viber

Маск ги повтори тврдењата на Трамп и го повика Зеленски „да ги одржи изборите и да престане со она што го прави сега“.

 

„Ако украинскиот народ навистина го сака Зеленски, тогаш тој би одржал избори. Тој знае дека ќе загуби со голема разлика, и покрај тоа што ќе ја преземе контролата врз сите украински медиуми, па затоа ги откажа изборите“, пишува Маск.

„Во реалноста, украинскиот народ го презира, поради што одбива да одржи избори. Го предизвикувам Зеленски да одржи избори и да престане да го прави тоа што го прави. Претседателот Трамп е во право што го игнорира и го решава мирот независно од одвратната, огромна корупциска машина која се храни со мртвите тела на украинските војници“, напиша Маск.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

За 10.000 се намалил бројот на баратели на земјоделски субвенции од 2018 досега: враќање на земјоделските задруги за поефикасно субвенционирање

Со нов начин на субвенционирање Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство ќе ја укинува праксата парите од субвенциите да се...

Македонија6 часа

Жерновски отповикан од функцијата амбасадор во Романија: дознал од „Службен весник“

Македонскиот амбасадор во Романија, Андреј Жерновски, е отповикан од должноста, а за одлуката, како што напиша на социјалните мрежи, дознал...

Економија7 часа

Повисока за 521 денар: минималната синдикална кошничка за февруари изнесува 63.773 денари

Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63.773 денари и е 521 денари повисока отколку во јануари годинава кога беше 63.252...

Македонија9 часа

„Вреди“: М-НАВ е најјасниот пример за тоа како ДУИ ги „заштитила“ Албанците

ДУИ од црната листа нема никаква врска со интересите на Албанците, тие ги користат како штит за да го сокријат...

Македонија9 часа

ЗОО Скопје за последните случувања: Зоонегувателите професионално си ја вршат работата, да престанат дезинформациите и невистините

Зоолошката градина – Скопје моментно е дом на 646 животни од 91 вид за кои се грижат зоонегуватели што професионално...

Македонија9 часа

Нема преговори за химната и за државниот грб, нема табу-теми, тврди Меџити

Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити вели дека во фокус им е владината програма каде што има утврдени...

Македонија10 часа

Запленети евра, лекови, анаболични стероиди, инвертери за соларни системи, лакови за нокти: кривични пријави против 5 лица

Возач на товарно моторно возило, државјанин на Косово, се обидел преку Деве Баир да криумчари разни лекови и анаболични стероиди...

Свет10 часа

Трамп: Третата светска војна не е толку далеку

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека третата светска војна не е толку далеку, но е убеден дека неговото претседателствување ќе...

Свет11 часа

(Видео) Хамас предаде четири ковчези со тела: меѓу нив и телото на најмалиот заложник, на брат му и на мајка му

Хамас му предаде на Црвениот крст четири ковчези со тела на заложници, јавуваат светските медиуми. Меѓу нив се и телата...

Свет12 часа

(Видео) Берни Сандерс: Трамп застана на страната на еден од најбруталните диктатори во светот

Американскиот сенатор Берни Сандерс го обвини претседателот Доналд Трамп и неговите сојузници дека се на страната на рускиот претседател Владимир...

Свет12 часа

Џеј ди Венс: Зеленски ќе зажали што зборува лошо за Трамп

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс вчера го предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски да се воздржи од јавни критики на претседателот...

Свет13 часа

Поранешниот потпретседател на Трамп: Претседателе, не ја кажуваш вистината за Украина

Мајк Пенс, американскиот потпретседател за време на првиот мандат на Доналд Трамп, реагираше на изјавата на американскиот претседател дека Украина...

Македонија13 часа

Минусни температури во целата држава, најстудено во Берово, каде што се измерени -14 степени

Утрово најстудено било во Берово каде што биле измерени -14 степени, -13 било на Попова Шапка и Маврови Анови, -12...

Свет14 часа

(Видео) Се судрија два мали авиона во Аризона, две лица загинаа

Најмалку две лица загинаа синоќа кога два мали авиони се судрија во воздух над регионалниот аеродром Марана во американската сојузна...

Европа14 часа

(Видео) Трамп: Русија ги држи картите во преговорите за мирот во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Русија „ја држи картата“ во какви било мировни преговори за ставање крај...

Европа14 часа

Зеленски: Иднина без Путин, но со мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека смета на единството и храброста на своите сонародници, како и на прагматизмот и „конструктивниот“...

Европа14 часа

Републикански сенатор: Зеленски не е диктатор, Путин е вистинскиот диктатор

Истакнатиот републикански сенатор и долгогодишен сојузник на Трамп, Линдзи Греам, рече дека се согласува со американскиот претседател дека Украина треба...

Свет1 ден

Трамп: Зеленски е диктатор

Доналд Трамп го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски диктатор во жестока објава на неговата платформа Truth Social. Американскиот претседател рече...

Свет1 ден

Главниот советник на Зеленски до претставникот на Трамп: Многу е важно како ќе заврши војната

Американскиот претставник Кит Келог се состана со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, кој ја истакна...

Македонија1 ден

Нерешено кај уставните судии за измените со кои на независните кандидати ќе им биде потешко да влезат во изборна трка

Уставниот суд не донесе одлука за предметот за оспорените членови на Изборниот законик (ИЗ) со кои се штитат од конкуренција...