Свет
(Видео) Кинезите се фалат со нови проектили што може да погодат бродови во движење

Кинеските државни медиуми објавија видеоснимка од својот проектил „Убиецот Гуам“, кој наводно е оспоруван од претходниот извештај на ОН, во кој е изразено сомневање во способноста на Кина да онеспособи носачи на авиони.
Кусиот видеоматеријал, во кој се фали напредната технологија на проектили, во Кина првпат е прикажан на 24 јануари. Потоа следувале текстови што ги поткрепуваат тврдењата од видеоснимката дека проектилите може да погодат носачи на авиони.
Според Си-ен-ен, медиумските прикажувања на воената сила на Кина на меѓународната сцена се дел од пропагандната кампања, која е осмислена за да ја импресионира домашната публика.
Сепак, експертите што го прегледале видеоматеријалот, што наводно прикажува балистички проектили со среден дострел „ДФ-26“, сметаат дека снимката всушност открива многу малку информации.
„Видеозаписот не покажува дека проектилите може да погодат цел во движење на море“, изјавил воениот експерт Чарл Шустер за Си-ен-ен.
„Тоа што може да се види е стандардно лансирање балистички проектил, без ознаки дали може или не може да погоди подвижна или неподвижна цел“, додал Шустер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) „На, на, на, еј збогум“ – Белата куќа критикувана поради видеото со миграцијата

Белата куќа се најде на удар на критики по објавувањето на видеото на кое се гледа депортацијата на илегалните мигранти со текстот „На, на, на, на, на, на, на, на, еј, еј збогум“ во заднина.
Видеото беше објавено вчера, а многу бргу предизвика бран негодувања на социјалните мрежи. Многу корисници го нарекоа дехуманизирање.
Не е првпат администрацијата на Трамп да меша депортации со поп-музика. Белата куќа пред неколку недели сподели уште едно видео. Текстот на песната е цитиран заедно со видеото, што е очигледна референција за затворање и заминување.
View this post on Instagram
Но, членовите на бендот воопшто не биле задоволни од ваквата интерпретација на нивната музика. Бендот објави официјално соопштение во кое ја осудува употребата на нивната песна без дозвола и јасна порака до тимот на Трамп.
„Ние на кој било начин не ја одобривме употребата на нашата песна ‘Клосин тајм’“, напишаа „Семисоник“.
„Не нè ни прашаа. Песната е за радоста, за можностите и за надежта и целосно ја промашиле поентата“, додаваат тие.
Нивниот одговор бргу се прошири на социјалните мрежи и беше прегледан повеќе од седум милиони пати, со коментари за поддршка од многубројни фанови и музички колеги.
Многумина предложија бендот да поднесе тужба. Сепак, се чини дека тоа нема да се случи. Имено, Ден Вилсон, фронтмен и главен автор на песната, го продаде целиот свој музички каталог во 2021 година на „Прајмари вејв мјузик паближинг“. Тоа значи дека тие сега ги имаат правата на сите песни, вклучувајќи ја и „Клосинг тајм“, и на тој начин одлучуваат за можните правни чекори.
Свет
Кина е бесна на Трамп: „Ова е малтертирање“

Заканите и притисокот не се начин за справување со Кина, изјави портпаролот на нејзиното Министерство за надворешни работи опишувајќи ги тарифите што ѝ ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп како навредливи.
Тарифите се „типичен унилатерализам и протекционизам, економска злоупотреба“, рече Лин Џијан за време на редовната прес-конференција. Тој додаде дека американските тарифи во име на реципроцитет, всушност, им служат на САД само на сметка на другите земји.
Минатата недела Трамп воведе 34 отсто од новите царини на кинескиот увоз како дел од мерките што ги воведе на повеќето американски трговски партнери. Ова го зголеми вкупното ниво на царини за кинески стоки на 54 отсто, а Пекинг одговори со контрамерки.
Лин го пренасочи прашањето за потенцијалните преговори со САД на други кинески владини тела.
„Американската злоупотреба на царините ги лишува земјите, особено оние од глобалниот југ, од нивното право на развој“, рече Лин наведувајќи ги зголемената нееднаквост меѓу богатите и сиромашните во секоја земја и посебното влијание на царините врз посиромашните земји.
Сите земји треба да се држат до консултации, заедничко одлучување и вистински мултилатерализам, рече портпаролот.
Тој ги повика земјите заеднички да се спротивстават на сите форми на унилатерализам и протекционизам и да ги заштитат меѓународниот систем и мултилатералната трговија засновани на вредностите на Обединетите нации и Светската здравствена организација.
Европа
Идниот германски канцелар за падот на берзите: Драматично е, а може да биде и полошо

Фридрих Мерц, шефот на германската ЦДУ, кој се очекува да ја преземе функцијата германски канцелар, предупреди дека ситуацијата на светските пазари на акции и обврзници може дополнително да се влоши.
„Пазарите се во драматична состојба, што се заканува со понатамошна дестабилизација“, рече Мерц во изјава за „Ројтерс“.
Тој нагласи дека сега „е поважно од кога било Германија што побргу да ја врати меѓународната конкурентност“, а ова прашање треба да биде во центарот на коалициските преговори на неговата конзервативна опција со социјалдемократите.
Мерц се залага за пониски даноци, намалување на бирократијата и пониски цени на енергијата.
Утрово продолжи насилниот пад на светските берзи. Кон средината на минатата недела американскиот претседател Доналд Трамп ги потресе објавувајќи повисоки царини на увозот од очекуваното.
Додека Кина возврати со контрамерки, инвеститорите стравуваат од ескалација на царинската војна, нарушувања во меѓународната трговија, зголемување на инфлацијата и забавување на растот на најголемите економии, па дури и рецесија.
Поради тоа, цените на акциите утринава остро паднаа на азиските берзи, но и на европските.