Свет
(Видео) Легнати на подот – Хаос на аеродромот во Тел Авив по најавата за напад од Хамас
На аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив денеска околу 16 часот владееше вистинска паника откако беше најавен воздушен напад од правец на Газа, пренесуваат медиумите во регионот.
Според написите, во моментот на најавата дека овој аеродром може да биде погоден од бомби, аеродромот беше полн со луѓе, кои речиси по инерција легнаа на подот или над торбите.
❗️ Ben Gurion Airport in Tel Aviv under fire from #Hamas
Hamas said it was shelling "in response to an attack on civilians". Powerful shelling of the south and center of #Israel also continues 🤬🤬🤬#HamasTerrorists pic.twitter.com/ss7PIWdqiC
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 11, 2023
На аеродромот Бен Гурион се слушнале сирени, но нема извештаи за прекин на воздушниот сообраќај.
„Бритиш ервејс“ објави дека ги суспендира сите летови до Тел Авив, стои во извештаите на медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мерц: Му реков на Зеленски да се погрижи Украинците да не доаѓаат кај нас масовно
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешниот телефонски разговор да се погрижи младите мажи од Украина да не доаѓаат масовно во Германија. „Тие се потребни таму, во Украина“, повтори Мерц подоцна на трговскиот конгрес во Берлин.
Земјите-членки на Европската унија регистрираа пристигнување на 79.205 украински бегалци во септември, најмногу во еден месец од август 2023 година, според податоците на Евростат. Статистичката агенција на ЕУ го припишува ова на одлуката на Украина од август 2025 година да им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години слободно да ја преминуваат границата.
Повеќе од 1,2 милиони украински бегалци, или 28,3 проценти од вкупниот број бегалци во ЕУ, моментално се сместени во Германија, соопшти Евростат оваа недела.
„Германската влада, исто така, има намера да ги промени бенефициите за украинските бегалци, така што стимулациите за работа ќе ги надминат стимулациите за останување во системот за социјална помош“, објави Мерц.
Според законот, кој се очекува да биде одобрен од владата следната недела, Украинците кои дојдоа во Германија по 1 април 2025 година, ќе добиваат пониски бенефиции за баратели на азил наместо сегашниот надомест за невработеност.
Фото: принтсрин
Свет
Авион со 176 патници извршил итно слетување поради закана од бомба на летот Мумбаи-Варанаси
Авион на „Ер Индија експрес“ беше принуден да изврши итно слетување откако беше пријавена закана со бомба за време на летот.
Авион со 176 патници и членови на екипажот на редовна, двочасовна рута беше итно евакуиран во среда по пријава за можна експлозивна направа.
За време на летот на рутата Мумбаи-Варанаси, авионот беше принуден да изврши итно слетување поради закана со бомба.
Авионот слета безбедно на меѓународниот аеродром Лал Бахадур Шастри во Варанаси, каде што веднаш беа активирани протоколите за итни случаи.
Сите патници и членови на екипажот, 176 од нив, беа евакуирани без повреди, објавува „Индипендент“.
Екипите за отстранување на експлозивни направи спроведоа детална безбедносна проверка на авионот, но не пронајдоа никакви сомнителни предмети.
Авионот моментално се наоѓа во изолиран дел од аеродромот, каде што чека да завршат сите безбедносни процедури пред да биде вратен во употреба.
Фото: принтскрин
Свет
Воен авион се урна во Русија, екипажот загина
Руското Министерство за одбрана објави дека борбениот авион Су-30 се урна за време на тренинг лет во Карелија, дел од Русија долж границата со Финска, при што загина екипажот.
Денес, околу 19:00 часот по московско време, авионот Су-30 се урна за време на планиран тренинг лет во Република Карелија, според соопштението за медиумите од Министерството за одбрана на Русија, пренесува РИА Новости.
Авионот се урна во ненаселена област, а летот беше извршен без муниција.
Како што е наведено во соопштението, службите за итни случаи беа испратени на местото на несреќата.
„Добив информации за падот на воен авион во областа Приоње. Испратив служби за итни случаи на местото на падот“, објави регионалниот гувернер Артур Парфенчиков на Телеграм.
Според него, двајца членови на екипажот загинаа.
Фото: принтскрин

