Свет
(Видео) „Германска идиотко, поради тебе Берлин ќе гори“, пропагандист на Путин ја навреди министерката
Владимир Соловјов, истакнат руски пропагандист и верен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, ја нападна германската министерка Аналена Бербок. Соловјов е водител на политичка програма на каналот „Русија 1“ под контрола на Кремљ и е познат по своите контроверзни коментари.
Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, објави видео на „Твитер“ од Соловјов како ја напаѓа германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок. Ја нарече луда будала.
„Германска идиотко, ќе видите како поради вашата гнила глупост, Аналена Баербок, Берлин ќе изгори и ќе има победничко знаме над зградата на Рајхстагот“, рече тој.
Attention, Germany!
Russian propagandist Solovyev threatens that “Berlin will burn” while shouting insults to Annalena Baerbock, German Minister for Foreign Affairs. He drops all pretenses to be polite. pic.twitter.com/oJP4e27F5S
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 15, 2023
„Кој ви даде право да го фрлите народот во овој страшен оган на војната?“ заврши тој.
Неговата критика дојде откога Баербок во понеделникот рече дека Германија не само што ќе продолжи да обезбедува помош за Украина во текот на зимата туку дека Берлин планира да ја зголеми помошта во текот на следната година.
„Не само што ќе ја продолжиме нашата поддршка за Украина, туку ќе продолжиме да ја шириме и зголемуваме“, рече Баербок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

