Свет
(Видео) Масовни евакуации во Северна и Јужна Каролина, ураганот Флоренс е закана за 10 милиони луѓе
Ураганот Флоренс стигна до брегот на Јужна и Северна Каролина носејќи силни ветришта и обилни дождови. Флоренс е закана за 10 милиони луѓе, а милион веќе се евакуирани од крајбрежниот појас на Северна и Јужна Каролина и сојузната држава Вирџинија, што предизвика километарски гужви и застои на патиштата кон запад. Најмалку 12.000 лица побарале сместување во 126 засолништа.
Outer bands of Hurricane Florence are lashing coastal areas of the Carolinas; it is now a Category 1 storm with a 10-foot storm surge https://t.co/gshD41Vd4z pic.twitter.com/2nYv3Xmk6I
— CNN (@CNN) September 14, 2018
Вонредна состојба е прогласена во државите Џорџија, Јужна и Северна Каролина, Вирџинија, Мериленд и Вашингтон. И покрај повиците, дел од населението одби да се евакуира.
Силниот ураган предизвика поплави на улиците, кои се речиси еден метар под вода, а предизвика и прекин на електричната енергија. Областа е зафатена и со силни ветрови со брзина од 155 километри на час. Иако јачината на ураганот Флоренс од 4 категорија се спушти на 1, тој сепак претставува сериозна опасност за населението.
Во американската сојузна држава Северна Каролина најтешко погоден е крајбрежниот град Њу Берн, каде што има извештаи за граѓани отсечени во поплавени населби. Околу 12.000 објекти, главно на брегот на Северна Каролина, се без електрична енергија.
Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер, нареди евакуација на илјадници жители од најизложените крајбрежни подрачја.
Water surges between houses in Avon, North Carolina, as Hurricane Florence approaches the coast https://t.co/XZ6U7fzBhy pic.twitter.com/vWT0b46duy
— CNN (@CNN) September 13, 2018
Флоренс предизвикува ветрови со брзина од 175 километри на час и поројни дождови, при што процените се дека на места ќе паднат до 75 сантиметри дожд. Илјадници домови се оставени без струја, а граѓаните се подготвуваа за бурата што доаѓа со набавување резерви на храна и вода за пиење.
#BREAKING VIDEO: Major flooding already ongoing in New Bern, North Carolina, from Florence pic.twitter.com/QrMYpk7h4D
— Al Boe ? BREAKING NEWS ? (@AlBoeNEWS) September 13, 2018
Компанијата „Дјук енерџи“, најголемата мрежа за електродистрибуција во Северна и Јужна Каролина, предвидува дека поради ураганот Флоренс, од прекин на електричната енергија ќе бидат погодени меѓу милион и три милиони потрошувачи. Ангажирани се над 20.000 работници, кои ќе работат на воспоставување на снабдувањето со струја.
Најмалку 88 илјади лица останаа без струја во Северна Каролина, каде што ураганот сè уште не ни удрил со сета своја сила. Се очекува дека без струја ќе останат милиони луѓе, а обновата на мрежата ќе трае со недели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Европа
Уапсен украински министер
Украинските антикорупциски тела денеска го уапсија министерот за земјоделство Микола Солски. Судот на министерот му изрече превентивна мерка притвор во траење од 60 дена, до 24 јуни. Сепак, Солски ќе биде ослободен од притвор доколку плати кауција од 75,7 милиони гривни (околу 1,7 милиони евра).
Обвинителството побара притвор поради ризик од попречување на истрагата, влијание врз сведоци и бегство. Тие истакнаа дека Солски во текот на вонредната состојба неколку пати ја минувал границата.
Адвокатот одговори дека Солски ја преминал границата поради службени патувања, освен во еден случај кога заминал на договорено отсуство. Тој се осврна и на тоа дека Солски како функционер може да патува во странство само со согласност на премиерот. Тој исто така изјави дека нема докази дека Солски би можел да се меша во истрагата или да влијае на сведоците.
Солски вчера понуди оставка откако беше осомничен за вмешаност во незаконско стекнување државно земјиште. Обвинителите тврдат дека Солски бил фатен дека поседува државно земјиште во вредност од 291 милион гривни и дека се обидел да добие друго земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски ги негира обвиненијата, за кои обвинителите велат дека се однесуваат на настани од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година. Солски е еден од најбогатите функционери во администрацијата на претседателот Володимир Зеленски.
Ако плати кауција, ќе мора да ја предаде својата обврзница на властите и нема да му биде дозволено да разговара со други осомничени и сведоци во случајот.