Европа
(Видео) „Мислевме дека војната почна“: Жителите од источна Украина за гранатирањето
Тензиите во источна Украина драматично се зголемија кога сепаратистите поддржани од Русија почнаа артилериски оган преку контролната линија со украинските сили гранатирајќи една градинка во четвртокот, а три лица беа повредени, пренесуваат светските агенции.
Жител на градот во источна Украина, каде што градинката беше погодена, изјави дека мислел оти војната почнала кога слушнал артилериски оган.
„Се спремавме да одиме на работа, станавме и како во 2014 и 2015 година имаше многу врева, не беше далеку“, вели Дмитро, жител на станицата „Луганска“.
„Сите бевме вознемирени и испаничени бидејќи знаевме, очекувавме некои провокации токму во овој момент, па мислевме дека војната навистина почна“, додаде тој.
Наталија Слешарева била на работа во училиштето кога почнало гранатирањето, пренесува „Гардијан“.
„Децата појадуваа кога удри“, вели таа во изјава за новинските агенции. „По појадокот, децата имаа час во сала за вежбање. Значи, останаа само 15 минути и сè можеше да биде многу, многу полошо“.
Објаснува дека во тоа време работела во пералницата. Експлозијата ја турнала вратата во нејзиниот грб, а околу неа имало чад, прашина и скршени прозорци.
„Не можев да ја почувствувам десната страна од главата. Сè ми ѕвонеше“, рекла таа.
Украинската армија соопшти дека 32 гранати паднале врз градот, при што е повреден еден војник и прекинато е напојувањето со електрична енергија, јавуваат локалните медиуми.
Инцидентите се случуваат во време на глобална загриженост поради можноста за поширока војна со повеќе од 100.000 руски војници во близина на украинската граница. Москва негира дека планира инвазија и рече дека повлекла дел од војниците оваа недела иако западните земји не се убедени во тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Британските ракети „Сторм Шедоу“ погодија клучна руска рафинерија
Украина потврди дека употребила британски крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“ за напад врз голема рафинерија за нафта во Русија, нанесувајќи нов удар врз енергетската инфраструктура на Москва. Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека нивните воздухопловни сили ја нападнале рафинеријата за нафта Новошахтинск во рускиот регион Ростов, каде што биле регистрирани „серија експлозии“.
Стратешки удар врз руската логистика
Во официјалното соопштение на украинската војска се вели дека нападот бил успешен. „Воздухопловните единици успешно ја нападнале рафинеријата за нафта Новошахтинск во Ростовскиот регион на Руската Федерација со крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“ лансирани од воздух“, се вели во соопштението.
The oil refinery in Novoshakhtinsk, southern Russia, has reportedly just been hit.
It has been targeted by Ukrainian drones multiple times before.
📹 Exilenova+ pic.twitter.com/xAlvYcQBc9— Euromaidan Press (@EuromaidanPress) December 25, 2025
Киев вели дека рафинеријата Новошахтинск е клучен снабдувач со гориво за јужна Русија и игра директна улога во поддршката на руската војска, која ја снабдува со дизел гориво и керозин за авиони.
L'Ucraina ha attaccato una delle più grandi raffinerie di petrolio nel sud della Russia, la Novoshakhtinsk Oil Refinery ("NZNP"), capacità di fino a 7,5 milioni di tonnellate di petrolio all'anno.
L’attacco sarebbe avvenuto con missili Storm Shadow pic.twitter.com/uOwMmvM7ak— jacopo iacoboni (@jacopo_iacoboni) December 25, 2025
Прва употреба на ракети „Сторм Шедоу“ врз оваа цел
Објектот бил цел на украински напади најмалку шест пати од почетокот на руската инвазија, а првиот регистриран напад бил во март 2024 година. Сепак, вчерашниот напад ја означува првата потврдена употреба на ракети „Сторм Шедоу“ врз рафинеријата.
Објектот се наоѓа на приближно 175 километри од територијата контролирана од Украина, додека ракетите „Сторм Шедоу“ имаат дострел од повеќе од 250 километри.
Нападите врз енергетската и логистичката инфраструктура длабоко на руска територија се дел од пошироката украинска стратегија. Со вакви акции, Киев се стреми да се спротивстави на речиси секојдневните руски ракетни напади и напади со дронови, насочени кон објекти кои се клучни за одржување на воените напори на Русија.
Европа
Руски нуклеарни бомбардери летаа околу Скандинавија, ги следеа странски ловци
Руските стратешки бомбардери „ту-95“, способни да носат нуклеарно оружје, извршија планиран лет над неутралните води на Баренцовото и Норвешкото Море, а за време на мисијата беа придружувани од странски борбени авиони. Руското Министерство за одбрана ја објави веста, без да го прецизира точниот датум на летот или за кои странски авиони станува збор, пишува „Киев пост“.
„Стратешките ракетни носачи ‘ту-95МС’ извршија планиран лет над неутралните води на Баренцовото и Норвешкото Море“, се вели во соопштението на Министерството објаснувајќи дека станува збор за област северно од Скандинавија и северозападно од Русија.
„Во одредени фази од рутата бомбардерите со долг дострел беа придружувани од борбени авиони на странски земји“, се додава. Москва исто така рече дека ваквите летови се одржуваат редовно во многу региони и се во согласност со меѓународното право.
Европа
(Видео) Украинците: Соборивме авион за да можеме да разнесеме подморница
Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави дека соборила модернизиран поморски извидувачки авион Ил-38Н „Sea Dragon“ во руската воздухопловна база во Јејск, како дел од подготовките за напад врз руска подморница во градот Новоросијск.
„Ова е авион дизајниран за поморско извидување, пребарување на подморници, следење на морски површини, поставување мински полиња и извршување напади со торпеда“, соопшти СБУ.
Според украинското разузнавање, погодениот Ил-38Н активно дејствувал против украински поморски беспилотни летала. Проценетата вредност на авионот е околу 24 милиони долари. СБУ истакнува дека Русија имала само еден авион од оваа класа во Црното Море способен да го открие украинскиот подводен дрон „Sub Sea Baby“ додека се движел кон својата цел.
Онеспособувањето на леталото, тврди УСБ, овозможило успешно спроведување на главната фаза од специјалната операција, експлозијата на руската подморница од класата Варшавјанка.
„За напад врз Ил-38Н, УСБ користела современ дрон со боева глава за површинска детонација опремена со 2.000 фрагменти насочени надолу. Детонацијата се случила директно над главната опрема и радарскиот оддел, а моторот бил оштетен“, објави украинското разузнавање.
УСБ претходно објави дека на 15 декември, за прв пат во историјата, руска подморница била уништена со употреба на подводни дронови „Sub Sea Baby“. Нападот во Јејск, според украинските тврдења, бил клучен предуслов за успехот на операцијата.

