Свет
(Видео) Најмалку тројца загинати и шестмина повредени во тешка железничка несреќа во Шкотска
Најмалку три лица, вклучително и возачот на возот, загинаа во железничка несреќа што се случи во Шкотска, откако патнички воз излета од шините во Абердиншир.
Околу 30 возила за брза помош пристигнале на местото на настанот во близина на Стоунхавен.
These are pictures from Aberdeenshire in Scotland where a train has derailed near Stonehaven pic.twitter.com/M8z1N9qB9o
— Chris Chambers (@CapitalChambo) August 12, 2020
Се претпоставува дека возот погодил свлечиште по силниот дожд и грмежи што предизвикале поплави низ Шкотска.
Шест лица се однесени во болница, но, како што се наведува нивните повреди не се сериозни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Американски Стејт департмент со остра порака до Иран: „Одмаздата ќе биде многу, многу моќна“
Стејт департментот на САД реагира на изјавите на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „криминалец“.
Во пораката на Стејт департментот се наведува дека САД се свесни за можните планови на Исламската Република за напади врз американски бази и дека предупредуваат на жестока одмазда.
„Како што претседателот Трамп повеќепати потенцираше – сите опции се на маса. Ако режимот на Исламската Република нападне американска имот или интерес, ќе се соочи со сила што е многу, многу моќна. Ова го кажавме и претходно, го повторуваме: Не играјте си со претседателот Трамп“, стои во објавата на Стејт департментот.
Изјавата следи откако иранскиот лидер Хамнеи го нарече Трамп „криминалец“, обвинувајќи го за штета, клевети и жртви што, според него, им се нанесени на Иранците за време на протестите низ земјата.
Свет
Градоначалник од Јапонија ги нарекувал соработниците „идиоти“ и „човечки отпад“, јавно се извини откако градски службеник ги обелодени навредите
Градоначалникот на јапонскиот град Јокохама, Такехару Јаманaка, се извини откако беше обвинет за вербално малтретирање на соработниците, нарекувајќи ги „идиоти“ и „човечки отпад“, пренесе Би-Би-Си.
На прес-конференција, директорот на градската служба за човечки ресурси, Џун Кубота, изјави дека градоначалникот Јаманaка повеќепати користел навредливи изрази кон вработените, вклучително и кон него лично. Според Кубота, Јаманaка ги нарекувал службениците „бескорисни“, „глупави“ и „неквалитетни“, давал коментари за нивниот изглед и ги споредувал со животни.
Кубота го обвини и за закана, посочувајќи дека му било кажано дека треба да изврши „сепуку“ – ритуално самоубиство – доколку не успее да обезбеди кандидатура на градот за една меѓународна конференција. Тој побара јавно извинување и иницирање на истрага. Во Јапонија е исклучително невообичаено активен градски службеник да го обвини актуелниот градоначалник.
Првично, Јаманaка ги негираше обвинувањата на својата лична веб-страница, но подоцна јавно призна дека ги изговорил зборовите „идиот“ и „човечки отпад“, и се извини. „Искрено сакам да се извинам што го оптоварив директорот на човечки ресурси“, изјави тој.
Објасни дека изјавите биле дадени во контекст на разговори за оценување на вработените. „Ќе размислам за сè. Ќе внимавам повеќе на моите зборови и однесување“, додаде. Сепак, Јаманaка ги негираше обвинувањата дека давал коментари за изгледот на соработниците.
Најави дека се разгледува можноста за истрага која ќе ја надгледува заменик-градоначалникот, и рече дека искрено ќе соработува доколку биде спроведена.
Кубота, како реакција на извинувањето, изјави дека Јаманaка негира дел од изјавите кои навистина ги дал. „Градоначалникот ништо не разбира. Не можам да го прифатам ова како извинување. Сакам да се промени“, порача Кубота.
Свет
Meлони го прослави роденденот во Јапонија и објави аниме-селфи со јапонската премиерка
Италијанската премиерка Џорџа Мелони го прослави својот 49. роденден во Токио, за време на средбата со јапонската премиерка Санае Такаичи. Такаичи ѝ приреди торта и подароци, а двете лидерки направија заедничко селфи, чија „аниме“ верзија Мелони подоцна ја објави на социјалните мрежи, пренесе Скај њуз.
Due Nazioni lontane, ma sempre più vicine.
Amicizia e sintonia con @takaichi_sanae 🇮🇹🇯🇵 pic.twitter.com/LbRlnoeQcZ— Giorgia Meloni (@GiorgiaMeloni) January 16, 2026
На средбата беше најавено продлабочување на соработката меѓу Италија и Јапонија во областа на безбедноста, економијата и технологијата. Двете се први жени премиерки во своите држави и најавија унапредување на односите во „посебно стратешко партнерство“.
Фото: ЕПА

