Европа
(Видео) Најмалку шестмина загинати во Италија при одрон на санта мраз

Најмалку шест лица загинаа, а уште осум се повредени по вчерашната лавина на Доломитите, која се случи среде топлинскиот бран.
Уште десетина се сметаат за исчезнати, соопштија тамошните медиуми. На Твитер беше објавено дека сите спасувачки тимови се активни во областа, вклучително и кучиња трагачи и најмалку пет хеликоптери, пишува Си-ен-сн.
The footage of the large ice avalanche in Marmolada today in close proximity.
We don't know the author, we will write it in the comments as soon as we will know it.
Indeed an impressive sequence pic.twitter.com/zDo4q40qOP
— Alpine-Adriatic Meteorological Society (@aametsoc) July 3, 2022
Одронот се случил на алпскиот врв наречен Мармолада, кој е нешто повисок од 3.300 метри. Повредените алпинисти, меѓу кои и едно лице кое е во критична состојба, се префрлени во неколку болници во околината, изјавиле спасувачите. Локалната служба за итни случаи преку твит напиша дека постои сомневање дека 15 планинари биле во група каде што имало несреќа.
Лавината се покрена во услови на рекордни температури за областа, кои достигнаа околу 10 степени Целзиусови. Многу делови на западна Европа, вклучувајќи ја и Италија, минатиот месец поминаа низ топлински бран.
„Она што започна како прекрасно патување со убав поглед на Мармолада во Италија, за жал, се претвори во нешто што нема да го заборавиме додека сме живи“, објави сведок на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин