Свет
(Видео) Повредени фанови на „Бекстрит бојс“ на концерт во Оклахома
Најмалку 14 лица се повредени и пренесени во болница, кога бура ја собори металната структура на натстрешница, поставена на влезот на концертот на групата „Бекстрит бојс“, во американската држава Оклахома.

Силен ветер ја срушил структурата на влезот каде што групата требала сношти да настапи. Околу 130 луѓе се нашле на местото на несреќата.
Video from a friend who is at the Backstreet Boys concert at Winstar Casino. She says an outdoor awning fell on people, about a dozen ambulances responded with people being taken out on stretchers. pic.twitter.com/ZmYIRLEtKz
— Allison Harris (@AllisonFox4News) August 19, 2018
@AllisonFox4News Right after it fell. Several people hurt including a young girl. Several fans spring to action including former army nurse who’s husband was hurt. pic.twitter.com/baprxWyKbN
— Nikole Berry (@NikoleJagow) August 19, 2018
Групата по несреќата се огласи на нивниот профил на „Твитер“, наведувајќи дека не сакале да ги стават своите фанови во опасност и дека одлучиле да го одложат концертот.
„Најважно е да стигнеме дома безбедно и да се видиме наскоро“, се вели во пораката на групата.
We never want to put our fans in harm’s way and with tonight’s weather and the injuries from earlier, we have decided to cancel the show and will attempt to reschedule. The most important thing is for everyone to get home safely and we will see you all very soon!
— backstreetboys (@backstreetboys) August 19, 2018
Пејачот на групата „Бекстрит бојс“, Кевин Ричардсон претходно наведе дека за концертот биле продадени 12.000 карти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина подготвува алтернативен мировен план за завршување на војната со Русија
Украина подготвува ревидиран мировен план за завршување на војната со Русија, кој ќе го презентира пред Белата куќа, во обид да избегне територијални отстапки, објави Би-Би-Си.
На прес-конференција, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговиот тим би можел да испрати нов предлог до Американците уште денес, 9 декември.
Претходно, Зеленски изјави дека некои важни прашања во рамките на мировниот договор сè уште не се решени.
Според него, американската страна е подготвена да бара компромиси, но прашањето за териториите останува нерешено. Русија бара териториите да ѝ бидат предадени.
„Аксиос“ објави дека украинскиот претседател е под зголемен притисок од САД да се согласи на значајни територијални компромиси и други отстапки како дел од предлогот на Доналд Трамп за прекин на војната со Русија.
РЕ-Дигитал
ЕУ отвора истрага против Google
Европската комисија отвори истрага за Google за прекршување на антимонополските правила на Европската Унија во врска со неговата потенцијално несоодветна употреба на онлајн содржина за генерирање резултати од пребарување со вештачка интелигенција, како и видеа поставени на нејзината YouTube платформа.
Истрагата ќе утврди дали Google ги крши антимонополските правила на ЕУ со тоа што не ги компензира соодветно креаторите на содржини или им нуди можност да се откажат од користење на нивната содржина за резимеа генерирани од АИ без да го изгубат пристапот до пребарувачот на Google, соопшти Комисијата.
Издавачите ги критикуваа резултатите од пребарување генерирани од АИ затоа што Google прво прикажува резиме на нивната содржина наместо директна врска до нивните веб-страници. Ова го намалува нивниот сообраќај и затоа предизвикува пад на приходите од рекламирање на нивните страници.
Комисијата, исто така, ќе го истражи користењето на видеа поставени на неговата YouTube платформа од страна на Google за обука на модели на генеративна вештачка интелигенција без соодветна компензација за креаторите на видеа или можност за откажување.
Комисијата веќе започна неколку антимонополски истраги против Google за наводна злоупотреба на неговата доминантна позиција на пазарот, од кои некои резултираа со големи казни.
Свет
Деца пропаднаа низ стаклен покрив на училиште во Белгија
Три деца паднале низ стаклениот покрив на основното училиште „Де Зибом“ во белгиската општина Де Хан. Едно дете е тешко повредено, а две полесно, соопшти локалната полиција.
Несреќата се случила кога децата, на возраст од 12 и 13 години, се искачиле на рамниот покрив на училиштето и пропаднале околу пет метри низ светларникот, директно во подот на училишната кујна, пренесе ВРТ.
Најтешко повреденото дете било пренесено во болница во критична состојба, но неговата состојба е стабилизирана. Другите две деца имаат полесни повреди.
Полицијата наведува дека децата си играле на покривот, но причините поради кои се нашле таму сè уште не се познати. Ниту едно од нив не ја посетува оваа школа, а живеат во околината.
Директорот на училиштето, Том Дермо, изјави дека веројатно децата влегле во дворот преку спортската сала. Посочи дека не е првпат млади луѓе да се качуваат на покривот за дружење или сончање, но не е јасно што правеле овојпат. Можно е, рече тој, да не ја забележале куполата на покривот поради мракот.
Училиштето ќе ги информира учениците за инцидентот како превентивна мерка. Полицијата ја продолжува истрагата.

