Свет
(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција
Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“.
Пожарникари и амбулантни возила беа испратени во фабриката на периферијата на градот Хендек, Сакарија. Фабриката е далеку од станбените области.
Allah yardımcıları olsun. #Sakarya pic.twitter.com/oFg9Fbeyh4
— S. (@PororooRSA) July 3, 2020
Гувернерот на Сакарија, Четин Октај Калдрм, рече дека во моментот на експлозијата во фабриката работеле околу 150 до 200 луѓе. Фабриката имала 110 тони распрскувачки материјали во својот магацин. Повредените се хоспитализирани, нема загинати.
„Сите мерки за безбедност беа преземени околу фабриката. Бидејќи станува збор за фабрика за огномети, а експлозиите продолжуваат, во моментот не можеме да интервенираме“, рече Калдрм.
#Sakarya hendekte havai fişek fabrikasinda patlama meydana geldi çok sayida ambulans itfaiye olay yerine sevkedildi. pic.twitter.com/RSWHYjXwPm
— #Vatan #Millet #Sakarya. (@CVN__54) July 3, 2020
Во меѓувреме, шефот на турската Црвена полумесечина, Керем Кнк, ги повика жителите на Хендек да останат дома и да ги затворат прозорците и вратите за да спречат вдишување на токсичните гасови. Кнк рече дека хемиските испарувања од експлозијата може негативно да влијаат на здравјето на луѓето.
Видео од инцидентот прикажува голем облак од чад во форма на печурки што се издига од фабриката. Експлозијата се слушнала и во други провинции како Коџели и Дузџе.
Sakarya’da Havaii Fişek Fabrikasında Patlama pic.twitter.com/wFANFGQRJG
— TC Tolunay ?? (@Bilgisellerim) July 3, 2020
Министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, министерот за здравство, Фахретин Коџа, и министерот за труд и социјална заштита, Зумрут Зехра Селчук, се на пат за Сакарија по налог на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во поплавите во Бразил загинаа осум лица, а 21 се исчезнати
Осум лица загинаа, а 21 се водат како исчезнати во поплавите предизвикани од обилните дождови во државата Рио Гранде до Сул во јужен Бразил.
Над 1.400 жители се раселени поради невремето што доведе до пораст на нивото на водата и поплави во 104 општини, пренесува Ројтерс.
Гувернерот Едуардо Леите изјави дека државата работи на пронаоѓање на исчезнати лица и за обезбедување на безбедноста на оние во загрозените области.
Свет
Лидерот на ИСИС убиен во операција во пограничниот регион на Мали
Водачот на една од групите поврзани со Исламската држава, Абу Худајфа, е убиен во операција во пограничниот регион кој опфаќа делови од Мали, Буркина Фасо и Нигер.
Неутрализацијата на терористичкиот функционер беше извршена за време на голема операција во Липтак, триграничен регион кој опфаќа делови од Мали, Буркина Фасо и Нигер, соопштија властите на Мали.
Во соопштението се потсетува дека лидер на ИСИС учествувал во нападот на Нигер во 2017 година, што резултираше со убиство на четири американски Зелени беретки и четворица нигериски војници, вклучително и еден преведувач.
Свет
Евакуирани туристи во Кенија поради поплави, 170 загинати од март
Туристи беа евакуирани од десетици хотели, апартмани и кампови откако пукнаа браните во Националниот резерват Масаи Мара поради поплавите во кои загинаа повеќе од 170 луѓе низ Кенија од почетокот на сезоната на дождови во средината на март.
Црвениот крст на Кенија соопшти дека спасил 61 лице од резерватот, кој е популарна туристичка дестинација за годишната миграција на диви пчели од Серенгети во Танзанија, пренесува Асошиетед прес.
Метеоролошкиот оддел на Кенија предупреди дека ќе очекуваат нови дождови оваа недела, откако во понеделникот пукна брана во градот Маи Махи во округот Накуру, при што загинаа 48 луѓе, а над 80 се водат како исчезнати.