Свет
(Видео) Необичен облак во форма на црн прстен ги преплаши жителите на Пакистан

Мистериозен црн облак во форма на буквата О е забележан над град во Пакистан и предизвика страв и многубројни необични теории од жителите и корисниците на интернет, при што некои сугерираа дека необичната појава е предвесник на вонземјанска инвазија, пренесува РТ.
Виден како лебди над Лахор во вторникот, злокобниот облак , како што некои го нарекоа, ги стаписа набљудувачите, од кои многумина на социјалните мрежи се обидоа да откријат на што биле сведоци.
Еден корисник се пошегува дека воздушниот феномен е само моден детаљ од градот Лахор за светот да знае дека пуши електронски цигари. Други набргу почнаа да посочуваат слични појави на други места во светот, а еден корисник сподели клип од истиот феномен снимен во Дубаи.
I noticed a similar thing some weeks ago in Dubai pic.twitter.com/qGl6xhgMtk
— Tariq Irfan (@Tariq_Irfan) January 21, 2020
Иако некои корисници сметале дека станува збор за необична шега, сепак темни прстенести облаци се забележани низ целиот свет.
Објаснувањето е поприземно од вонземјанска инвазија или портал до други свет – облакот најверојатно е предизвикан од мала експлозија или од согорување. Во еден неславен случај во Велика Британија во 2014 година, наречен „Црниот прстен од бањата Лемингтон“, облакот бил создаден од огномет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.
Свет
Убиецот на Кирк би можел да биде осуден на смрт со стрелање

Властите на Јута ќе бараат смртна казна за 22-годишниот Тајлер Робинсон кој се сомничи за убиството на соработникот на Доналд Трамп, политичкиот активист, Чарли Кирк. Јута е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуција со стрелање.
Можноста за барање најстрога казна претходно ја објави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, кој изјави дека смртната казна е опција.
Јута, државата каде што се случи пукањето, е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуции со стрелање.
Свет
Осомничениот за убиството на Кирк задржан во притвор без можност за кауција

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк во Јута, е приведен без кауција.
Судските документи исто така наведуваат дека Робинсон нема прекршочни или кривични пресуди.
Робинсон беше приведен по неколку првични обвиненија, кои вклучуваат тешко убиство, пукање со огнено оружје и попречување на правдата. Официјални обвиненија сè уште не се покренати против него.
Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, е сместен во окружниот затвор во Спаниш Форк во американската држава Јута.
Властите имаат три дена да поднесат документи како подготовка за прелиминарно судско рочиште, каде што Робинсон треба да се појави за прв пат пред судија, што се очекува на почетокот на следната недела.