Свет
(Видео) Нова снимка од кафулето во кое е убиен рускиот блогер
На социјалните мрежи се појави ново видео од кафулето во Санкт Петербург, каде што Владлен Татарски, кому вистинско име му е Максим Фомин, влијателен руски воен блогер, кој се борел во Украина, беше убиен со експлозив.
Detailed footage of the bombing attack that killed milblogger Maksim Fomin (Vladlen Tatarsky). It shows Fomin asking the alleged perpetrator, Darya Trepova, to sit down near him. She obliges, remaining a few metres away from the epicentre of explosion. pic.twitter.com/wBJJqglhFF
— Leonid ХВ Ragozin (@leonidragozin) April 4, 2023
Руските безбедносни сили ја уапсија Дарија Трепова, девојката осомничена дека донела статуетка во кафулето, во која наводно имало 200 грама експлозив.
На видеото се гледа како Фомин ја повикува Трепова, која наводно статуетката му ја предала на соработничката на Фомин, да седне во негова близина во моментот кога таа почнала да си оди. Таа го слуша и седнува на столот недалеку од Фомин.
Што може да се види на видеото?
Фомин и Трепова разменуваат неколку зборови непосредно пред експлозијата, што се слуша и на видеото. Последните зборови на Фомин кон Трепова биле „па, сè е за јавноста“.
Трепова потоа ги подава рацете кон Фомин, а потоа со нив си го покрива сопственото лице. Во тој момент се слуша експлозија во која загина рускиот блогер, а повредени се десетици луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп со порака до демонстрантите во Иран: Продолжете да протестирате, помошта доаѓа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги поддржа демонстрантите во Иран и ги повика да продолжат да протестираат.
Тој ги откажа средбите со иранските претставници и рече дека американската помош е на пат.
„Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ПРОТЕСТИРАТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!! Запишете ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите средби со иранските претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите. ПОМОШТА ДОАЃА. МИГА!!! ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, објави тој на својот профил на социјалните мрежи Truth Social.
фото/Depositphotos
Свет
Разрешен ураинскиот министер за одбрана
Украинскиот парламент, Врховната рада, го разреши министерот за одбрана Денис Шмихал од должноста, кој треба да ја преземе функцијата министер за енергетика.
265 пратеници гласаа за одлуката, додека пратениците од Европската солидарност и дел од партијата Холос (Глас) се воздржаа, пишува Украинска правда.
Шмихал беше назначен на функцијата министер за одбрана во јули 2025 година. На 9 јануари, парламентот ги прими оставките на Шмихал и Михајло Федоров, првиот вицепремиер на Украина и министер за дигитална трансформација.
Претседателот Володимир Зеленски се сретна со Шмихал на 3 јануари и рече дека очекува парламентот да го одобри неговото назначување на позициите вицепремиер и министер за енергетика.
фото/епа
Свет
Дел од персоналот на француската амбасада го напушти Иран
Неесенцијалниот персонал во француската амбасада го напушти Иран, потврдија за агенцијата „Франс Прес“ два извори запознаени со ситуацијата.
Според нив, персоналот го напуштил Иран во текот на претходните два дена, но не беше објавено колку луѓе заминале.
„Заштитата на нашиот персонал и нашите граѓани е приоритет“, изјави за АФП функционер на француското Министерство за надворешни работи.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.

