Свет
(Видео) Нов лапсус на Бајден: го помеша францускиот претседател Макрон на предизборен настан во Лас Вегас
Американскиот претседател Џозеф Бајден го помеша францускиот претседател Емануел Макрон на предизборен настан во Лас Вегас.
Тој го помеша со поранешниот претседател на Франција, Франсоа Митеран, кој почина во 1996 година.
Бајден направи лапсус додека ги раскажуваше настаните од состанокот на Г7 одржан во 2020 година веднаш по победата на изборите.
Наведувајќи дека една од првите работи што ги посочи на таа средба е „Америка се врати“, Бајден рече дека тоа го предизвикало одговорот на „Митеран од Германија“, а потоа се поправил и рекол „од Франција“, наведува „Хил“.
🇺🇸 Il est en forme #Biden vivement qu'il soit réélu 😂🤣 #Trump
En plein meeting, Joe Biden confond Emmanuel #Macron avec " Mitterrand d'Allemagne " 🙄pic.twitter.com/4eKcar73Bw— 🔥🆃🅰🆃🅰🔥🆂🆄🆉🅰🅽🅽🅴🔥 (@TataSuzanne0) February 6, 2024
Порталот потсетува дека Бајден го критикува поранешниот претседател Доналд Трамп за неговите неодамнешни коментари за „труење на крвта“, што Трамп го искористи за да го опише начинот на кој имигрантите влијаат на САД.
Бајден исто така му се потсмеваше на Трамп што минатиот месец ја помеша неговата ривалка за републиканската претседателска номинација, Ники Хејли, со поранешната претседателка на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.
„Не се согласувам со Ники Хејли за сè, но се согласуваме за ова: таа не е Ненси Пелоси“, напиша Бајден на „Икс нетворк“.
Бајден се соочува со постојани критики поради неговата возраст и неговата способност да се кандидира за втор мандат е доведена во прашање, пишува порталот, истакнувајќи дека неколку политички противници на Бајден и некои гласачи ги искористиле очигледните грешки и лапсуси на Бајден за дополнително да ги зајакнат своите аргументи дека тој е премногу стар или неподобен за претседател.
Бајден (81) е најстариот претседател во американската историја, а доколку биде реизбран на изборите во ноември, на крајот од вториот мандат ќе има 87 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Гроси: Смртта на Раиси предизвика пауза во преговорите меѓу МААЕ и Иран
Смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахијан, во хеликоптерска несреќа предизвика пауза во преговорите меѓу Техеран и Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ), изјави директорот на агенцијата на ОН, Рафаел Гроси.
Во Хелсинки, каде што зборуваше денеска на нуклеарната конференција, тој објасни дека Иран е во период на жалост и дека кога ќе помине, повторно ќе се ангажира, пренесува „Ројтерс“.
Гроси рече дека МААЕ планира да ги продолжи техничките разговори со Иран, но дека тие сè уште не се одржани поради хеликоптерската несреќа минатата недела, во која загинаа претседателот Раиси и министерот за надворешни работи, Абдолахијан.
Свет
Џанг Жан ослободена од затвор, осудена за известување за епидемијата во Вухан
Кинеска новинарка Џанг Жан, која беше осудена во Кина за известување за епидемијата на Ковид-19 во Вухан, е ослободена од затвор по издржување четиригодишна затворска казна, објавија светските медиуми.
Џанг е осудена на четири години затвор под обвинение за „поттикнување кавги и предизвикување проблеми“, пренесува АП.
Меѓутоа, на денот на нејзиното ослободување нејзините поранешни адвокати не можеле да дојдат до неа или до нејзиното семејство бидејќи, како што наведува американската агенција, „полицијата во Шангај ги посетила активистите и нејзините поранешни адвокати во деновите пред нејзиното ослободување“.
Свет
Пресметка на суперсилите во вселената: САД ја обвинуваат Русија за испраќање офанзивно оружје во вселената, Москва ги отфрла тврдењата
Вашингтон ја обвини Москва дека лансирала сателит за кој американското разузнавање верува дека е оружје способно да следи и да напаѓа други сателити, тврдење што Русија денеска го отфрли како лажно.
Американската вселенска команда во вторникот соопшти дека Русија лансирала антисателитско оружје во исто време кога САД лансирале нов сателит во ниската орбита, пренесува „Ројтерс“.
Претходно овој месец, САД укажаа на лансирањето на ракетата „Сојуз“, која наводно носела најмалку девет сателити вклучувајќи го и COSMOS 2576, тип на руско надзорно вселенско летало од руската локација за лансирање Плесец.