Свет
(Видео) Објавена снимка од првиот полицаец кој дошол по масакрот на фестивалот по упадот на Хамас

Војската на Израел објави снимка од камерата на еден од првите полицајци што пристигнал на местото на масакрот на фестивалот Супернова веднаш по упадот на Хамас на 7 октомври.
На видеото се гледа како тој набрзина се приближува до морничавото празно место каде неколку часа претходно се одржувал музички фестивал.
Полицаецот вика и прашува дали има повредени. Нема одговори.
Снимката потоа се замаглува додека полицаецот се приближува до бројните трупови. На видеото опишува што гледа, ги брои убиените и гласно прашува дали има живи.
„Полицијата е тука. Има ли повредени? вика панично.
На фестивалот беа убиени над 300 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Милановиќ: Луѓето на водечките позиции, особено во Европа, работат многу лошо

„Времињата во кои живееме денес се депресивни и не се добри. Луѓето што се на лидерски позиции, особено во Европа, работат многу лошо и воопшто не се на ниво на задачата. Некои работи се нерешливи, а начинот на кој се решаваат води кон понатамошен антагонизам и евентуално војна“, рече хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во неделата вечерта во Њујорк.
Споредувајќи го времето на Студената војна со денешната ситуација, Милановиќ потсети дека тогаш било исклучително тешко и дека се потребни голема концентрација за разни луѓе да седнат и да разговараат за важни прашања.
„Во последните дваесет години сè е нарушено, безбедносната архитектура на светот, особено на западниот свет и на северната хемисфера, повеќе не постои“, рече тој и додаде дека денес живееме во тешки времиња и затоа мора да се погледнеме себеси, нашата работа и нашите интереси и да видиме дека не се истакнуваме премногу во сојузите во кои сме – НАТО и Европската Унија“.
Зборувајќи за ситуацијата во ЕУ и улогата на Хрватска, Милановиќ нагласи: „За жал, работите не функционираат онака како што требаше. Не мислам на привремени и повремени пласмани на пари што доаѓаат во Хрватска за претежно непродуктивни проекти и работи што нема да ја направат Хрватска технолошка сила и нема да ја направат побогата земја. Но, подобро е да го имаме тоа бидејќи кога ќе престане, ќе имаме нови сериозни предизвици. Денес, Хрватска мора да биде лојална на сојузите во кои е членка и мора да ги почитува обврските што ги презела, но исто така никогаш не смееме да дозволиме да бидеме вовлечени во комбинации и авантури што не сме ги кроеле бидејќи тоа не е солидарност. Никој не може да го бара тоа од нас и нема да го добие, според мене“.
Осврнувајќи се на војната во Газа, Милановиќ изјави: „Можеме да се залагаме за признавање на Палестина. Велат дека нема многу да се промени. Па, нема, но некои работи треба да се решат за да се продолжи понатаму. Светот нема да биде подобар и поубав, секогаш ќе биде исполнет со кризи, дефекти и недостатоци и ние мора да се приспособиме на тоа“.
Фото: принтскрин
Свет
Макрон: Запленувањето на руските средства би значело почеток на тотален хаос

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера предупреди дека запленувањето на средствата на руската централна банка замрзнати во европските клириншки куќи би претставувало кршење на меѓународното право. Тој ги даде овие забелешки за време на интервју за „Си-би-ес њуз“ нагласувајќи дека европските земји мора да продолжат да дејствуваат во согласност со законските норми при ракување со државните средства.
„Во врска со замрзнатите средства: сите сме посветени на почитување на меѓународните правила. Невозможно е да се запленат средствата на Руската централна банка, дури и во оваа ситуација. Мислам дека тоа е прашање на доверба и е исклучително важно нашите земји да останат гаранти и да го почитуваат меѓународното право“, рече тој.
Ако зборуваме за Блискиот Исток, ако зборуваме за ситуацијата во Украина, кога некои земји почнуваат да не го почитуваат меѓународното право и кога ќе покажеме дека не сме доволно силни, тоа е почеток на тотален хаос“, рече францускиот претседател.
Фото: принтскрин
Свет
Турција погодена од земјотрес со јачина од 4,6 степени

Турција денес беше погодена од земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Како што е наведено, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од седум километри, на 57 километри југоисточно од градот Баликешир во западна Турција.
Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Ова подрачје веќе беше погодено од земјотреси на почетокот на август и на почетокот на септември, потсетуваат медиумите.
Фото: принтскрин