Свет
(Видео) Објавени снимки од руски авиони над Бахмут, Вагнеровци: „Драго ни е што се наши“
Нападот на Русија врз Бахмут продолжува и денеска откога украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека интензитетот на борбите околу источниот украински град продолжува да се зголемува.
Украинскиот воен аналитичар Олех Зданов рече дека „пробивот на северното крило на Бахмут“, во кој руските трупи вчера дошле меѓу селата Беркивка и Јахидна во обид да го опколат градот, „претставува јасна закана за нив“.
Руската државна новинска агенција РИА исто така објави видео за кое вели дека покажува руски борбени авиони над Бахмут.
„Драго ни е што се наши“, вели на видеото маж идентификуван како платеник од групата „Вагнер“. „Авионите психолошки им помагаат на силите на Владимир Путин“, рече тој.
Зеленски во вчерашното видеообраќање рече дека битката за Бахмут била најтешка досега, но дека е важно неговите војници да продолжат да го бранат упориштето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Меѓународниот кривичен суд: Нашето постоење е загрозено
Претседателката на Меѓународниот кривичен суд денеска изјави дека заканите со кои се соочува институцијата, вклучително и можните американски санкции и руските налози против судиите и обвинителите на судот,го загрозуваат самото нејзино постоење.
Говорејќи на годишната конференција на 124 членки на судот, претседателот на судот, судијата Томоко Акане, не ги именуваше Русија или САД, но ги спомена како постојани членки на Советот за безбедност на ОН.
„Јасно е, по кој било стандард, дека ова собрание се наоѓа во клучен момент“, рече обвинителот на МКС Карим Кан во говорот на отворањето на конференцијата.
„Се соочуваме со невидени предизвици. Жртвите на граѓанското општество, преживеаните, човештвото како целина, мислам дека имаат невидени очекувања“, рече тој.
Русија издаде налог за апсење на главниот обвинител на МКС, Карим Кан, два месеци откако судот во Хаг издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.
Претставничкиот дом на САД во јуни усвои закон со кој го санкционира судот како одговор на барањето на Кан за налог за апсење на премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант.
„Судот беше изложен на напади кои имаат за цел да го нарушат неговиот легитимитет и способност да ја спроведува правдата и да го реализира меѓународното право и основните права; присилни мерки, закани, притисок и саботажа“, рече Акане, додавајќи дека се издадени неколку налози против вработени во судот.
На МКС му се закануваат и строги економски санкции од институциите на другите постојани членки на Советот за безбедност како да е терористичка организација. Овие мерки брзо ќе ја поткопаат работата на судот во сите ситуации и случаи и ќе го загрозат самото негово постоење, рече таа.
Иако САД не се членка на судот, супериорната светска воена и финансиска сила би можела да го поткопа МКС дипломатски и политички и со финансиски санкции против нејзиниот персонал. Таа рече дека судот одлучно отфрла каков било „обид да се влијае на (неговата) независност и непристрасност.
„Одлучно ги отфрламе напорите за политизирање на нашата канцеларија. Ние постапувавме и секогаш ќе се придржуваме само кон законот, под сите околности“, нагласи таа.
Судот е основан во 2002 година за да гони воени злосторства, злосторства против човештвото, геноцид и злосторства на агресија кога земјите-членки не сакаат или не можат сами да го сторат тоа.
Неговиот буџет за 2024 година изнесуваше околу 187 милиони евра.
Налогот за апсење на Нетанјаху го означува првиот пат судот да таргетира лице кое има блиски врски со богатите западни земји.
Земјите што го потпишаа неговиот основен договор на хартија имаат обврска да го приведат Нетанјаху доколку тој пристигне на нивна територија. Но, неколку европски основачи веќе јавно кажаа дека можеби нема да го сторат тоа. Франција рече дека Нетанјаху има имунитет, Италија рече дека можеби има имунитет. Британија и Германија избегнаа директно да објаснат како ќе постапат.
Дури и Холандија, која е домаќин на судот во Хаг, рече дека може да има околности под кои Нетанјаху би можел да ја посети, без да прецизира какви би можеле да бидат тие услови.
Свет
Американски разузнавачи: Инвазијата на Путин на Украина беше почетната фаза на третата светска војна
Аналитичарот за национална безбедност, Марк Тот, и поранешниот американски разузнавач полковник, Џонатан Свит, за „Дејли мејл“ изјавија дека веруваат оти светот веќе е во војна и дека третата светска војна почна со руската инвазија на Украина.
„Нема облаци во вид на печурки или апокалиптична пустелија. Наместо тоа, тоа е војна со илјада резови, која се води преку повеќерегионални и мултидоменски фронтови“, рекоа Тот и Свит. „Путиновата инвазија на Украина беше почетната фаза на третата светска војна. Тоа беше негов знак за глобалната заедница дека светскиот поредок каков што постоеше од крајот на Втората светска војна повеќе не постои“, додаваат тие.
Велат дека уште еден знак оти војната почнала е информацијата што се појави пред неколку дена, според која руски хакерски софтвер наводно бил користен за кражба на податоци на стотици сметки на британското Министерство за одбрана. Министерството за одбрана на Обединетото Кралство истражува инцидент во кој сајбер-криминални групи украле и објавиле е-пошта и лозинки на речиси 600 вработени – вклучително и членови на вооружените сили и на државни службеници од 2020 година.
Се верува дека повеќето од вработените, чии податоци се украдени, се со седиште во Обединетото Кралство, но украдени се и некои податоци за персоналот на Министерството за одбрана во Ирак, Катар, Кипар и во Европа, што може да претставува значителен безбедносен ризик, според написите.
Минатата недела Русија откри дека почнала масовно производство на балистички ракети „Орешник“. Путин утврди дека тоа е незапирливо оружје и рече дека ниту американските системи за воздушна одбрана не може да го сопрат.
Свет
Литванија протера кинески дипломати; Кина се заканува дека ќе преземе контрамерки
Литванија во петокот соопшти дека го информирала Пекинг дека прогласила тројца неакредитирани вработени во кинеската амбасада за персона нон грата и дека тие мора да ја напуштат земјата во рок од една недела. Кина денеска го осуди протерувањето тројца кинески дипломати од Литванија.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи ја обвини Литванија дека без никаква причина протерува дипломати и ги прогласува за персона нон грата, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството.
„Кина силно ја осудува и решително ја отфрла оваа непромислена и провокативна акција“, рече портпаролот на Министерството.
Министерството за надворешни работи на Литванија не прецизира кои се овие лица и што конкретно правеле, но ги цитира одредбите од Виенската конвенција за дипломатски односи и други меѓународни закони, пренесуваат медиумите во регионот.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи ја обвини Литванија дека „повторно презема штетни мерки, кои дополнително ги влошуваат односите“.
„Кина ја повикува Литванија веднаш да престане да го поткопува кинескиот суверенитет и територијален интегритет и да престане да создава тешкотии за билатералните односи“, рече портпаролот на Министерството додавајќи дека Пекинг го задржува правото да преземе контрамерки.