Свет
(Видео) Одново активен вулканот на Јава: Пред осум години ерупцијата одзеде 347 животи
Вулканот Мерапи на островот Јава во Индонезија имаше две нови ерупции, при што густ столб од чад и пепел се издигна шест километри во воздухот. Поради тоа, два локални аеродрома беа затворени и жителите беа повикани на претпазливост, објави агенцијата АП.
another eruption #merapi pic.twitter.com/xCk9Fke4W6
— khusnun. (@khusnunMjd) June 1, 2018
Од Националната агенција за справување со катастрофи соопштиле дека и натаму е на сила предупредувањето од вулканска ерупција, односно дека особено е загрозена зоната во радиус од три километри околу вулканот.
Video letusan Gunung Merapi tadi pagi yang terpantau di CCTV BPBD Jawa Tengah di Balerante Klaten. pic.twitter.com/vDg4NqTEnh
— Sutopo Purwo Nugroho (@Sutopo_PN) June 1, 2018
Првата ерупција се случила во утринските, а втората во вечерните часови. Вулканот Мерапи се наоѓа на растојание од 30 километри од градот Јогјакарта, кој е густо населен.
Чадот и пепелта исфрлени од вулканот ветрот ги насочил кон север поради што привремено се затворени два аеродрома. Во радиус од десет километри од вулканот живеат околу 250 илјади жители и сите тие се повикани на зголемена претпазливост, а некои од нив дури и ги напуштиле своите домови.
Во последната голема ерупција на вулканот Мерапи во 2010 година, загинаа 347 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска
Во Бјеловар, Хрватска во семејна куќа се пронајдени две починати и едно тешко повредено лице, кое е префрлено во болница. Најверојатно се работи за насилна смрт, а според неофицијални информации, мажот ја убил мајката на неговата жена, а се обидел да ја убие и сопругата која е тешко повредена.
Напаѓачот, според првичните инфрормации се самоубил.
Хрватската полиција засега не ги потврдува неофицијалните информации дека се работи за убиство и самоубиство.
Полицијата дојавата ја добила околу 10 часот, а на местото се врши увид.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.
Свет
Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев.
Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас.
Тој ги обвини западните земји што му забраниле да ја нападне Русија со нивното оружје.
„Русите можат да не нападнат на наша територија, тоа е најголемата предност што ја има Русија, но ние не можеме да направиме ништо со западното оружје на нивните вооружени системи лоцирани на руска територија. Немаме право“, вели Зеленски.
Според него, Западот се плаши и од руски и од украински пораз и оваа ситуација ја нарече апсурдна.
„Ние сме во апсурдна ситуација кога Западот се плаши дека Русија ќе ја изгуби војната. А во исто време тие не сакаат Украина да ја изгуби. Затоа што конечната победа на Украина ќе доведе до пораз на Русија и конечна победата на Русија ќе доведе до пораз на Украина“, истакна Зеленски.