Свет
(Видео) Откриена луксузна вила на Путин во Финска: новинари влегле внатре и пронашле мистериозна кутија
Рускиот претседател Владимир Путин поседува луксузна рибарска вила во Финска, но тешко дека некогаш ќе ја искористи.
Напуштената викендица се наоѓа на брегот на езерото Саима во југоисточна Финска, а на Путин му ја изградил негов близок пријател и за неа се потрошени околу 3,2 милиони долари, пишува рускиот независен медиум „Инсајдер“.
Трикатната вила има лифт, винарска визба, подземна гаража, сауна, приватен базен, соба за билијард, канцеларија и осум тоалети, пишува „Инсајдер“ со презентација на планот на величествената зграда. Но, вилата никогаш не била завршена, вели новинарот на „Инсајдер“, Сергеј Канев.
На видеото објавено во четвртокот, Канев преку отворена врата влегува во напуштената куќа. Внатрешноста е исполнета со скелиња, градежни материјали, плочки, скали, бела техника и мебел за бања. Сè изгледа како работниците штотуку да го напуштиле градилиштето.
Новинарот наиде и на мистериозна кутија на која на руски пишува: „Не допирајте ги овие кутии без моја дозвола“.
Изградбата на вилата беше полна со проблеми, а мајсторите постојано се менуваа, бидејќи си заминуваа поради неисплатени плати, а потоа ќе требаше да чекаат други екипи. Некои работници дури одбиле да работат на куќата.
Изградбата на вилата ја финансираше стариот пријател на Путин од државниот универзитет во Ленинград, Виктор Кмарин, кој сега лобира за рускиот лидер. За време на студирањето заедно оделе на забави и биле партнери во борење.
Според „Форбс“, Кмарин сега е извршен директор на најголемата руска хидроенергетска компанија и е во брак со братучедка на Путин.
Кмарин ја изгради луксузната вила во Финска за Путин да може да поминува повеќе време со него. Главната зграда чинела околу 541.000 долари, осигурителната куќа 216.000 долари, градежните материјали чинат 432.000 долари, а има и разни дрвени мостови, патеки и рибарска куќа кои ја украсуваат околината.
Не е јасно кога почнала изградбата, но сигурно било пред 2017 година.
Имено, тогаш Путин за последен пат ја посети Финска и се сретна со финскиот претседател Саули Ниинисто во блискиот град Савонлина.
За време на средбата на Путин со финскиот претседател, Кмарин дошол во вилата и им рекол на мајсторите да престанат со работата бидејќи Путин повеќе не е заинтересиран за риболов во Финска, пишува „Инсајдер“, повикувајќи се на извори од руската служба за безбедност.
Кмарин подоцна практично ја отпишал куќата бидејќи не можел да најде купувач за неа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Гроси: Смртта на Раиси предизвика пауза во преговорите меѓу МААЕ и Иран
Смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахијан, во хеликоптерска несреќа предизвика пауза во преговорите меѓу Техеран и Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ), изјави директорот на агенцијата на ОН, Рафаел Гроси.
Во Хелсинки, каде што зборуваше денеска на нуклеарната конференција, тој објасни дека Иран е во период на жалост и дека кога ќе помине, повторно ќе се ангажира, пренесува „Ројтерс“.
Гроси рече дека МААЕ планира да ги продолжи техничките разговори со Иран, но дека тие сè уште не се одржани поради хеликоптерската несреќа минатата недела, во која загинаа претседателот Раиси и министерот за надворешни работи, Абдолахијан.
Свет
Џанг Жан ослободена од затвор, осудена за известување за епидемијата во Вухан
Кинеска новинарка Џанг Жан, која беше осудена во Кина за известување за епидемијата на Ковид-19 во Вухан, е ослободена од затвор по издржување четиригодишна затворска казна, објавија светските медиуми.
Џанг е осудена на четири години затвор под обвинение за „поттикнување кавги и предизвикување проблеми“, пренесува АП.
Меѓутоа, на денот на нејзиното ослободување нејзините поранешни адвокати не можеле да дојдат до неа или до нејзиното семејство бидејќи, како што наведува американската агенција, „полицијата во Шангај ги посетила активистите и нејзините поранешни адвокати во деновите пред нејзиното ослободување“.
Свет
Пресметка на суперсилите во вселената: САД ја обвинуваат Русија за испраќање офанзивно оружје во вселената, Москва ги отфрла тврдењата
Вашингтон ја обвини Москва дека лансирала сателит за кој американското разузнавање верува дека е оружје способно да следи и да напаѓа други сателити, тврдење што Русија денеска го отфрли како лажно.
Американската вселенска команда во вторникот соопшти дека Русија лансирала антисателитско оружје во исто време кога САД лансирале нов сателит во ниската орбита, пренесува „Ројтерс“.
Претходно овој месец, САД укажаа на лансирањето на ракетата „Сојуз“, која наводно носела најмалку девет сателити вклучувајќи го и COSMOS 2576, тип на руско надзорно вселенско летало од руската локација за лансирање Плесец.