Свет
(Видео) Мијачи на прозорци висеа на кран на покривот на 50-катна кула
Двајца мијачи на прозорци беа спасени од метална платформа што висеше на кран и неконтролирано се нишаше од покривот на 50-катна кула во градот Оклахома, САД.
Кран со двајца работници на солитер ја изгуби стабилноста и почна да се ниша како резултат на исклучително силни ветрови.
"This is TERRIFYING": Firefighters rescue two workers as their window washing basket swings out of control at the top of an Oklahoma City 50-story tower Wednesday. https://t.co/tYqng5eTAQ pic.twitter.com/hl1MKleB1y
— World News Tonight (@ABCWorldNews) May 16, 2019
Притоа беа скршени неколку прозорци.
Window washers trapped on swinging lift on top of Devon Tower rescued #Oklahomapic.twitter.com/YBxTz5zueT
— ootahara?? (@ootahara_tweet) May 15, 2019
За среќа, пожарникарите брзо интервенираа и ги спасија двајцата мажи на височина од 260 метри.
Two window cleaners in Oklahoma had a terrifying ordeal when their platform came loose and started to swing wildly in the wind. pic.twitter.com/WzFbodOZ36
— BBC Weather (@bbcweather) May 16, 2019
Кранот влезе во безбедносниот начин на работа блокирајќи ги моторните кабли.
Затоа спасувачите мораа да контактираат со производителот кој им објасни како да ја исклучат автоматизацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Словачка ја разгледува Полска како нова рута за увоз на гас
Словачкиот претседател, Петер Пелегрини, ја поздрави можноста земјата да увезува гас преку Полска, како алтернатива на рускиот природен гас.
По средбата со полскиот колега Карол Навроцки, Пелегрини истакна дека поврзувањето на гасните мрежи би овозможило диверзификација на енергетскиот увоз, доколку цените и транзитните такси бидат разумни.
Навроцки најави дека Полска има план да стане регионален центар за снабдување со американски течен гас. Двајцата лидери ја истакнаа важноста од инфраструктурното поврзување и имаат усогласени ставови за миграцијата и безбедноста во рамките на НАТО.
Свет
Мексико: Сопругата на убиениот градоначалник ја презема неговата функција
Сопругата на градоначалникот кој беше брутално убиен за време на прославите на Денот на мртвите во мексиканската држава Мичоакан, која е погодена од насилство, ја презеде функцијата на својот сопруг, ветувајќи дека ќе продолжи со неговата борба против организираниот криминал, објави Ројтерс, цитиран од БТА.
Гресија Кирос положи заклетва како градоначалник на Уруапан, познат како престолнина на авокадото во Мексико, откако државниот конгрес едногласно го одобри потегот.
„Денес доаѓам со скршено срце затоа што ми го одзедоа партнерот во животот, таткото на моите деца, но и со храброста со која тој се спротивстави да се бори“, рече Кирос за време на положувањето заклетва.
„Тие нема да ме замолчат… Ќе ги следам неговите стапки“, додаде таа, држејќи ја шапката на нејзиниот покоен сопруг како симбол на нивното движење.
Вооружен човек со качулка го застрела и уби 40-годишниот Мансо додека присуствуваше на фестивал со свеќи, во напад што предизвика национален бес, делумно поради неговите отворени критики кон федералната влада дека не презема доволно мерки за борба против организираниот криминал.
Свет
Русија тврди дека украински војници се предале во Покровск
Рускиотo Министерство за одбрана соопшти дека украински војници од 68. ловечка бригада се предале во Покровск, откако биле опколени и, како што тврди Москва, напуштени од своите команданти, пренесе „ТАСС“.
Во соопштението се наведува дека припадниците доброволно се предале поради интензивен артилериски оган. Русија објави и сведоштва на заробени војници, кои велат дека биле без храна и лекови, а еден од нив изјавил дека се предал од очај.

