Свет
(Видео) Пијани мигранти демолирале италијанска црква

Двајца романските мигранти насилнои влегле католичката црква „Мадона дел мисерикордија дел Лугарес“ во Чезена во неделата по прославата на православниот Велигден, пренесува „Ил ресто дел Карлино“.
Видеото на кое двајца пијани мигранти речиси целосно демолираат црква во Италија за православниот Велигден стана вирално на социјалните мрежи.
Првичните шпекулации беа дека инцидентот го предизвикале исламски екстремисти, но се чини дека тоа не е точно.
Марко Ченси, директор на локалниот младински центар „Иституто деи Лугарези”, изјави дека во инцидентот биле искршени прозорци и некои клупи, но и дека исламските екстремисти немаат никаква врска со тоа нагласувајќи дека на инцидентот не треба да му се даваат конотации што ги нема.
„Оној што го направил видеото сигурно е полицаец кој интервенирал веднаш по инцидентот”, рече Ченси.
Православниот свештеник Силвиу Сас, кој веќе пет години ги одржува православните служби во католичката црква, коментираше дека ваков инцидент никогаш претходно не се случил меѓу неговите 150 парохијани.
Претходно овој месец во Рим северноафрикански мигрант прободе и се обиде да заколе еден грузиски христијанин по вжештена расправија откако муслиманот го забележал ѓерданот со распетие што го носел Грузиецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Палестинското прашање и понатаму останува нерешено

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план за Газа на Доналд Трамп не го решава целосно израелско-палестинскиот конфликт, пренесе RT.
Тој нагласи дека Русија го оценува планот како „најдобро што моментално е на преговарачката маса“, но додаде дека „палестинското прашање со тоа не е решено“.
Лавров порача дека конечно решение би било можно само со создавање на палестинска држава во границите од 1967 година, во согласност со резолуциите на ОН, и повтори дека Москва останува посветена на решението со две држави.
Свет
Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дека ќе може да влезе во рајот, но додаде дека на многумина им го направил животот подобар.
Изјавата ја даде во претседателскиот авион Air Force One. За време на летот, еден од новинарите што го придружуваа 79-годишниот претседател го праша за неговите претходни коментари кои ги дал во контекст на преговорите за мировниот договор во војната меѓу Русија и Украина.
Трамп уште во август, во емисијата „Fox and Friends“, изјави: „Ако можам да спасам 7.000 луѓе неделно, мислам дека тоа е прилично добро – сакам да се обидам да влезам во рајот, ако е можно. Слушам дека не ми оди добро. Навистина сум на дното на листата. Но ако успеам да влезам во рајот, ова ќе биде една од причините“
На прашањето дали неговите шанси се подобриле по договорот меѓу Израел и Хамас, Трамп сега одговори: „Малку се шегувам. Мислам дека ништо нема да ме одведе во рајот. Можеби не сум предодреден за тоа. Можеби сум во рајот токму сега, додека летаме со Air Force One,“ рече Трамп.
Тој повторно ја обвини администрацијата на Џо Бајден за неспособност и додаде дека војната во Украина никогаш немаше да се случи доколку изборите во 2020 година не биле наместени.
Свет
Египетскиот претседател до Израелците: Претворете го овој историски момент во нов почеток

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси ги повика Израелците моментот на потпишување на мировниот договор за Газа да го претворат во нов почеток за поправеден и помирен живот во регионот.
„Погледнете кон подобра иднина за нашите деца,“ рече Сиси по потпишувањето на договорот во Шарм ел-Шеик.
На самитот присуствуваа Доналд Трамп и бројни меѓународни претставници. Обраќајќи му се на Трамп, Сиси додаде: „Господине претседателе, нека војната во Газа биде последната војна на Блискиот Исток.“