Свет
(Видео) Поплавите во Шпанија не стивнуваат: на удар уште еден град, автомобилите целосно уништени
Нови поплави го погодија регионот на Жирона во североисточна Шпанија, однесоа 30-ина автомобили во градот Кадакес, јавуваат шпанските медиуми.
Снимката објавена од локален новинар покажува порој вода што блика по улицата и куп автомобили што го блокираат мостот во петокот рано наутро.
🔴 Cadaqués Girona Spain 08.11.2024#rain #flood #breaking pic.twitter.com/EQwttKh5GU
— EUROPE.STORM (@worldstormm) November 8, 2024
За среќа, нема жртви, а нема ни повредени или заробени, пренесуваа локални медиуми. Во тој регион во текот на ноќта се очекува потенцијално поопасно време.
Повеќе од 200 луѓе загинаа минатата недела, повеќето во регионот на Валенсија, во една од најтешките поплави во Европа овој век.
Катастрофата предизвика силен гнев кај властите поради тоа што претходно не издале итни предупредувања.
Каталонската метеоролошка служба издаде предупредување за дожд од петокот вечер до саботата попладне за областа Алт Емпорда, каде што се наоѓа Кадакеш. Метеоролошката агенција предупреди дека интензитетот на дождот може да надмине 20 милиметри за 30 минути.
На 7 и 8 ноември агенцијата забележала 76,8 мм дожд во Кадакеш, а повеќе од 100 мм паднале во два други околни града.
Во Шпанија од 1 октомври до 5 ноември имало 72 отсто повеќе врнежи од нормалната вредност за тој временски период, соопшти шпанската метеоролошка агенција „Аемет“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Портокалово ниво на метеоролошка тревога поради силна бура во Франција
Француските департмани Горна Корзика, Источни Пиринеи и Од се преместени на портокалово ниво на метеоролошка тревога поради силната бура што се очекува до сабота, 27 декември, објави денес „Метео Франс“.
Горна Корзика и Источните Пиринеи се ставени под предупредување поради обилни врнежи од дожд и ризик од поплави, додека во департманот Од, како и во Источните Пиринеи, се очекува зголемување на нивото на водата во реките, јавува телевизијата BFM.
„Метео Франс“ наведува дека предупредувањето за поплава е издадено како превентивна мерка, со проценка дека поради обилни дождови, водотеците би можеле да се излеат, особено на југот на Франција, во областа Русијон.
Кога станува збор за количината на врнежи, до сабота напладне се очекува помеѓу 150 и 200 литри дожд на квадратен метар, што одговара на количината на врнежи за два до три месеци, објаснува телевизијата BFM.
На Горна Корзика прогнозата е помеѓу 80 и 120, локално до 150 литри на квадратен метар, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос
Свет
Израелскиот министер: Никогаш целосно нема да ги повлечеме трупите од Појасот Газа
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека Израел никогаш целосно нема да ги повлече своите трупи од Појасот Газа. Според него, во Газа ќе остане значајна безбедносна зона, дури и доколку се премине во следна фаза од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп и доколку Хамас биде разоружан.
Кац најави дека безбедносната зона би се протегала внатре во Газа, а на северот на Појасот би можеле да се формираат и израелски доселенички јадра за нејзина заштита. Тој, како член на десничарската партија Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху, со ова повторно се спротивстави на делови од американскиот мировен план што предвидуваат целосно повлекување на израелските сили од Газа.
По претходните критики дека ги ублажил ставовите, Кац денеска порача дека не се повлекува од изјавите, додавајќи: „Возам наназад само во автомобил.“
Свет
Зеленски: Се појавија нови идеи за крај на војната по разговорите со луѓето на Трамп
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал со луѓе од тимот на американскиот претседател Доналд Трамп – специјалниот изасланик Стив Виткоф и Џаред Кушнер – за можни начини за завршување на војната со Русија. Според Зеленски, се појавиле „нови идеи“ поврзани со форматот на преговорите, средбите и временската рамка.
Трамп се залага за мировен договор, а неговите преговарачи работат на план што постепено напредува. Зеленски претходно претстави нацрт-мировен план од 20 точки, кој е скратена верзија на постар предлог од 28 точки. Клучните територијални прашања сè уште не се решени и, според Зеленски, за најчувствителните теми ќе биде потребна директна средба со Трамп.
Од руската страна, Кремљ соопшти дека ги анализира документите поврзани со можниот крај на војната, додека Москва изрази незадоволство од украинскиот план, особено околу Донбас, НАТО и големината на украинската армија. Зеленски најави и нови разговори меѓу украинските и американските преговарачи, нагласувајќи дека работат постојано за да се приближи крајот на војната.

