Свет
(Видео) Поранешниот американски претседател Џозеф Бајден опериран од рак на кожа
Поранешниот американски претседател Џозеф Бајден неодамна беше опериран од рак на кожа, потврди неговата портпаролка, пренесуваат медиумите во регионот.
Сега се појавија неговите снимки, за кои се тврди дека се направени по операцијата.
President Biden appeared far more coherent and healthy greeting fans in Delaware over the weekend than Dumpy in today’s speech… pic.twitter.com/Jsa7cdTiHc
— SayMay (@saymaysmith) September 2, 2025
Иако не е познато точно кога е извршена процедурата, на крајот на август, Бајден беше фотографиран како излегува од црква во Делавер со голем лузна на главата.
Неговиот портпарол изјави за NBC News дека 82-годишниот поранешен американски претседател се опоравува добро.
Бајден бил подложен на хируршката техника на Мос, во која слоевите на кожата постепено се отстрануваат и се испитуваат под микроскоп сè додека трагите од канцерогените клетки повеќе не се видливи.
Ова не е прв пат Бајден да се соочи со рак на кожа. Во 2023 година, базалноклеточниот карцином, една од најчестите форми на рак на кожа, беше отстранет од неговите гради. Неговиот лекар потоа потврди дека целото канцерогено ткиво е успешно отстрането.
Оваа вест доаѓа само неколку месеци откако Бајден објави во мај оваа година дека му е дијагностициран рак на простата во четврт стадиум, кој се проширил на неговите коски.
Неговата канцеларија објави дека ракот на простата е откриен откако Бајден посетил лекар поради уринарни симптоми и дека разгледува „повеќе опции за лекување“.
„Иако ова претставува поагресивна форма на болеста, се чини дека ракот е чувствителен на хормони, што овозможува ефикасен третман“, се наведува во соопштението.
Тој како што анализираат медиумите, се повлече од јавноста откако ја напушти Белата куќа во јануари оваа година.
Фото: принтскирн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пожар во рафинерија за нафта во Хавана
Пожар вчера избувна во рафинеријата за нафта „Нико Лопез“ во Хавана, што ќе ја влоши кризата со гориво во Куба, предизвикана од ембаргото на САД.
Најголемата рафинерија е сместена во пристаништето во Хавана, каде пред два дена пристигнаа два мексикански бродови со повеќе од 800 тони хуманитарна помош.
Сè уште е непознато дали огнот ги зафатил резервоарите за складирање на нафта.
Куба уште од 1962 година е под американско ембарго, поради што земјата е во економска криза, а се соочува со прекини во снабдувањето со електрична енергија, недостиг на гориво, лекови и храна. Ситуација се вложи откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе фи стопира сите испораки на нафта за Куба и ќе воведе царини за секоја држава која ќе испорача нафта за Хавана.
Со приведувањето на поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро и неговата сопруга од страна на американските сили, Куба го изгуби најважниот сојузник и најголемиот извор на нафта. Повеќе недели на Куба не пристигнал ниту еден танкер со нафта.
Поради кризата со гориво затворени се универзитети, училиштата работат со скратено време, редуциран е јавниот транспорт и е ограничена продажбата на гориво. Исто така и болниците работат со намален персонал.
Трамп минатиот месец изјави дека Куба се движи кон пропаст и ја повика Хавана да склучи договор „пред да биде предоцна“. Тој сака промена на кубанскиот режим.
Обединети нации синоќа изразија загриженост поради кризата на Куба.
Свет
Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека смената на режимот во Иран „би била најдобрата работа што може да се случи“.
– Само зборуваат и зборуваат и зборуваат веќе 47 години – наведе Трамп.
Тој потврди и дека најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ од Карипско Море ќе биде распореден на Блиски Исток. Тој ќе се придружи на носачот „УСС Абрахам Линколн“ и на бродовите разорувачи со наведувачки ракети, кои во регионот се повеќе од две недели.
– Ќе ни треба во случај да не постигнеме договор. Многу брзо заминува – истакна Трамп.
Но, Трамп навести дека е можен договор со Иран и избегнување на воена операција.
– Ако ни дадат прав договор, нема да го сториме тоа – посочи Трамп.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.

