Свет
(Видео) Пронајден антички кит во Перу, се смета дека е најмасовното животно што постоело досега
Научниците во средата открија фосили од раниот кит во Перу наречен Perucetus colossus, кој живеел пред 38-40 милиони години за време на еоценската епоха.
Суштеството што можеби ја надминало масата на синиот кит долго време се сметало за најсилното животно во историјата.
Истражувачите процениле дека Perucetus бил долг 20-ина метри и тежел до 340 тони, маса што би го надминала секое друго познато животно, вклучувајќи ги и денешниот син кит и најголемите диносауруси.
„Главната карактеристика на ова животно е секако екстремната тежина, што сугерира дека еволуцијата може да генерира организми кои имаат карактеристики што ја надминуваат нашата имагинација“, вели палеонтологот Џовани Бјанучи.
Само неговата скелетна маса била проценета помеѓу 5 и 8 тони, најмалку двапати поголема од синиот кит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Возач на автобус избоден, полицијата го бара сторителот: тежок напад во Љубљана
Во центарот на Љубљана, се случи напад во кој возач на градски автобус е тешко повреден со остар предмет. Напаѓачот избегал од местото на настанот пеш, а полицијата интензивно го бара, пишува 24ur.com.
Нападнатиот возач е итно пренесен во Клиничкиот центар во Љубљана. Според неофицијални информации, како што пишуваат локални медиуми, тој се здобил со тешки повреди, наводно во главата, но неговиот живот не е во опасност.
Љубљанската полиција започна обемна потрага по сторителот. Како што потврди Полициската управа во Љубљана, сите расположиви полицајци и криминалистички истражители се на местото на настанот, а над поширокото градско подрачје лета и хеликоптер.
Полицијата објави и опис на осомничениот. Станува збор за маж на возраст меѓу 35 и 50 години, висок од 180 до 190 сантиметри, со светла коса и светла брада. Во моментот на нападот, носел црвена јакна, но полицијата предупредува дека постои можност во меѓувреме да се пресоблекол.
Бидејќи станува збор за опасна личност, полицијата издаде важно предупредување до граѓаните да не ѝ му приближуваат доколку го видат, туку веднаш да ја повикаат полицијата.
Фото: принтскрин
Свет
Епидемија на колера во Африка: околу 300.000 луѓе се заразени, повеќе од 7.000 загинати
Африка се соочува со најлошата епидемија на колера во последните 25 години, соопштија во четвртокот Африканските центри за контрола и превенција на болести (CDC), наведувајќи ги лошите системи за водоснабдување и конфликтите како главни причини за проблемот.
Африканскиот CDC објави дека регистрирал речиси 300.000 потврдени и сомнителни случаи на колера и повеќе од 7.000 смртни случаи. Бројките покажуваат дека бројот на случаи на колера во Африка се зголемил за повеќе од 30 проценти минатата година.
Ангола и Бурунди се соочија со пораст на случаи на колера во последните недели поради недоволен пристап до вода за пиење, според Африканскиот CDC.
Ситуацијата се подобри во Конго, Јужен Судан и Сомалија. Перспективите за областите погодени од конфликтот остануваат загрижувачки, со брзо ширење на болеста во преполните кампови и лоши санитарни услови.
Фото: принтскрин
Свет
Две деца на возраст од три и шест години починале поради труење со храна во Истанбул
Две деца кои биле на одмор во Истанбул заедно со своите родители починале од труење со храна. Родителите на децата се на интензивна нега во болницата.
И покрај сите напори, децата на возраст од шест и три години не можеле да се спасат. Родителите се уште се на интензивна нега – изјавил покраинскиот директор на истанбулската филијала на турското Министерство за здравство, пренесуваат медиумите во регионот.
Доктор Абдула Емре Ѓунер изјавил дека е започната истрага од страна на здравствената управа.
Според приватната телевизија НТВ, која се повикува на полициската истрага, семејството е по потекло од Германија и било на одмор во Турција.
Локалните медиуми јавуваат дека труењето со храна најверојатно дошло од школки купени од уличен продавач и полнети компири – популарна улична храна – кои ги јаделе во вторникот во туристичката област Ортакој, на европската страна од Босфорот.
Овој дел од Истанбул, според медиумите е многу популарен и познат по својата таканаречена улична храна.
Фото: принтскрин

