Свет
(Видео) Протести во Грузија, Владата обвинета за затворање на политичките противници

Илјадници демонстранти се собраа во неделата пред грузискиот парламент во моменти кога се зголемува незадоволството кон владата. Критичарите ја обвинуваат владејачката партија Грузиски сон дека е под контрола на Русија и дека назадува кон демократијата, пренесува Би-би-си.
Tbilisi, Georgia 🇬🇪 Protest rally underway on Rustaveli Avenue pic.twitter.com/qXybRPR8Be
— Mtavari TV (@MtavariChannel) April 9, 2023
Владата беше обвинета за затворање на политичките противници и замолчување на независните медиуми. Митингот беше организиран од главната опозициска партија за поддршка на затворениот поранешен претседател Михаил Сaакашвили.
Georgia: Opposition rally ‘Together to Europe’ takes place in front of Tbilisi Parliament – 09.04.2023 #Tbilisi #Georgia #Protest #Rally #Demo #EU pic.twitter.com/hauAyUsouW
— demonstration.live (@DemonstrationL) April 9, 2023
Сaакашвили, кој во два мандата ја водеше Грузија како претседател помеѓу 2004 и 2013 година, моментно издржува шестгодишна затворска казна за злоупотреба на власта иако меѓународните групи за права го осудија неговото осудување како политички мотивирано.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Латвиската министерка: Нема индиции дека Русија сака мир во Украина

Латвиската министерка за надворешни работи Баиба Браже денес изјави дека не гледа никакви индикации дека Русија сака мир во Украина, нагласувајќи дека е важно да се ослабат руските воени капацитети.
„Ослабувањето на руските воени капацитети е најдиректниот и најевтиниот начин да се постигне мир во Украина“, изјави Браже пред новинарите пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи во Турција, објави Ројтерс.
За денес во Истанбул се закажани преговори меѓу делегациите на Русија и Украина, кои беа организирани по предлог на рускиот претседател Владимир Путин.
Во исто време, денес во турскиот град Анталија ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, јавува Танјуг.
Свет
Пежешкијан му порача на Трамп: Иран нема да се поклони пред ниту еден насилник

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека земјата нема да „се поклони пред ниту еден насилник“ како одговор на критиките упатени кон американскиот претседател Доналд Трамп.
„Тој (Трамп) мисли дека може да дојде тука, да скандира слогани и да нè исплаши. За нас, мачеништвото е многу послатко од умирањето во кревет. Дојдовте да нè исплашите? Нема да се поклониме пред ниту еден бандит“, рече тој, според Ројтерс.
Трамп моментално е во посета на Блискиот Исток, а претходно денес изјави дека сака да постигне нов договор со Иран, но дека Техеран мора да престане да го спонзорира тероризмот и да се откаже од своите нуклеарни амбиции.
„Многу луѓе гледаат со завист“, им рече Трамп на лидерите на арапските земји собрани на регионалниот самит, додавајќи дека неверојатни договори се на дофат и дека Блискиот Исток денес е центар на светот на кој многумина му завидуваат.
Иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Абас Аракчи, објави дека во петок ќе се сретне со европски дипломати во Истанбул на разговори за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година.
Европските страни потписнички на договорот се Франција, Велика Британија и Германија.
Свет
Мексиканска инфлуенсерка убиена додека емитувала во живо од својот салон

Валерија Маркез им се обраќаше на своите следбеници на „Тик-ток“ во живо од нејзиниот салон за убавина во мексиканскиот град Запопан кога некој ѝ затропа на вратата и ѝ достави мал пакет.
„Тоа е мало прасе!“, извика 23-годишната инфлуенсерка додека се сврте кон гледачите и ја отвори плишената играчка со насмевка, објави Си-ен-ен.
Неколку моменти подоцна таа била мртва – згрчена на столот, крвта се лееше по масата пред неа додека преносот продолжуваше. Снимањето завршило дури кога некој ѝ го зел мобилниот телефон.
Според информациите од канцеларијата на државниот обвинител на Халиско, Маркез била убиена од маж кој провалил во нејзиниот салон, а случајот се третира како сомнеж за фемицид.
Смртта на Маркез, јавна личност со повеќе од 100.000 следбеници на Инстаграм, одекна низ целата земја, која со години бележи висока стапка на насилство и убиства на жени.