Свет
(Видео) Путин: Во добри односи сме со Дедо Мраз
Рускиот претседател, Владимир Путин, одржува традиционална годишна прес-конференција. Поради пандемијата, оваа година е значително поинаква.
Поради мерките против коронавирусот, годинава бројот на новинари е ограничен на 500, а конференцијата се одржува на поголем простор. За учество на конференцијата беа потребни три ПЦР-теста, а новинарите што присуствуваа на годишната конференција денеска беа испрскани со честички од сребро на влезот на местото на одржување.
Дополнително, сите столчиња се поставени на растојание од еден и пол метар, а сите новинари ќе добијат маски за лице на влезот.
Поставени се и средства за дезинфекција на рацете. За разлика од минатата година, обраќањето нема да биде во онлајн-формат, туку новинарите ќе може директно да му поставуваат прашања на Путин.
Рускиот претседатеел зборува за пандемијата, тензиите во врска со Украина, односите со САД и НАТО, но и за многу други меѓународни и домашни теми, како што е економијата.
‘YOU should come up with GUARANTEES’ – Putin fires back at Sky News’ provocative stance
WATCH LIVE: https://t.co/qc3vswNcfP pic.twitter.com/kpMIT26DBp
— RT (@RT_com) December 23, 2021
„Проширувањето на НАТО на исток е неприфатливо“, рече Путин одговарајќи на прашање на новинар на „Скај њуз“. Новинарот праша дали Путин може безусловно да гарантира ненапаѓање во Украина?
„Нашите акции нема да зависат од текот на преговорите, туку од безусловната безбедност на Русија. Јасно ставивме до знаење дека проширувањето на НАТО на исток е неприфатливо. САД стојат со проектили на прагот од нашата куќа. Како би реагирале Американците ако ставиме ракети на границата со Канада или Мексико“, рече Путин.
Од друга страна, говорејќи за предлозите за безбедносните гаранции на НАТО, рускиот претседател рече дека Русија, едноставно директно го поставила прашањето дека не треба да има проширување на НАТО на исток. „Топката е на нивна страна, тие мора да одговорат. Сѐ на сѐ, засега гледаме позитивна реакција“, рече рускиот лидер.
Новинарите го прашаа Путин како се објаснуваат новите бранови на Ковид-19. Колку е ефикасна вакцинацијата? Како лекарите ги објаснуваат повторливите случаи на инфекција? Зошто стапката на смртност е толку висока?
During his annual press conference, Vladimir Putin said that the current 59.4% of COVID collective immunity in Russia is not enough to beat the virus, at least 80% needed. The President noted that he hopes to reach that goal next year. pic.twitter.com/2v3Rc8GpoS
— RT (@RT_com) December 23, 2021
„Тоа е предизвикано од способноста на овој нов вирус да мутира. Многу едноставен одговор. Нови соеви се појавуваат таму каде што има проблеми со здравствените системи. Затоа зборувам за потребата од меѓусебно признавање и дистрибуција на вакцините. Во спротивно нема да може да се справиме со овој проблем на глобално ниво“, објасни Путин.
Тој забележа дека смртноста од Ковид-19 е тешко да се пресмета, а не затоа што некој се обидува да скрие нешто.
«Будем, будем, кричите!» ? pic.twitter.com/eCk1xSDceL
— Донбасс Сегодня (@DonbassSegodnya) December 23, 2021
Колективниот имунитет е низок, што ја објаснува и повисоката стапка на смртност, додаде претседателот.
Новинар му поставил на Путин полусериозно прашање за момчето што го тужел Дедо Мраз затоа што не му го донел она што го барал.
Путин рече дека како правник по образование треба да истакне дека Дедо Мраз ги дарува само добрите момчиња и девојчиња, па обвинителот (кој има 20 години) треба да размисли за неговото однесување.
Путин беше прашан и за неговиот однос со Дедо Мраз.
„Имам добри односи со Дедо Мраз. Ми донесе подароци“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos

