Свет
(Видео) Путин на воената парада: Америка и нејзините послушници ни се закануваат, а ние ја браниме нашата држава
Русија денеска ја слави 77-годишнината од победата над Хитлерова Германија, а на почетокот на парадата се обрати рускиот претседател Владимир Путин.
Обраќајќи им се на војниците, Путин истакна дека тие се борат „за нашиот народ во Донбас, за безбедноста на нашата татковина“.
Путин рече дека Западот отворено подготвува напад врз Донбас и Крим на крајот на минатата година и дека во Киев има повици за нуклеарно оружје што создава „неприфатлива закана на нашата граница“.
Тој ги обвини САД и нивните следбеници дека се закануваат, а опасноста растела секој ден.
„Земјите од НАТО не сакаа да не слушнат, имаа други планови. Тие подготвуваа напад на Крим“, изјави рускиот лидер. „Русија даде превентивен отпор на агресијата – тоа беше единствената правилна одлука“, рече Путин коментирајќи ја инвазијата на Украина.
На Црвениот плоштад во Москва се одржува воена поворка, во која учествуваат околу 11.000 војници. На парадата се изложени тенкови и друга воена опрема.
Осум борбени авиони на небото ќе ја формираат буквата З, што е официјален симбол на руската воена операција во Украина.
За разлика од минатите години, на настанот нема да присуствува ниту еден странски претседател.
Се шпекулира дека Путин денеска би можел да нареди општа или делумна мобилизација на војниците, но Кремљ претходно го отфрли,нарекувајќи го глупост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.