Свет
(Видео) Пјонгјанг потврди дека тестирал нов вид ракета
Северна Кореја успешно тестира нов вид балистичка ракета лансирана од подморница, објави државната агенција КЦНА.
Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, го честита успешното тестирање на новиот вид ракета наречена „пукгуксонг-3“, соопшти агенцијата додавајќи дека Ким не присуствувал на тестирањето, пренесува „Ројтерс“.
Северна Кореја лансира барем една ракета од источниот брег, а Јужна Кореја соопшти дека ракетата најверојатно е лансирана од подморница.
Тоа се случи еден ден по објавувањето дека Пјонгјанг ќе ги продолжи преговорите со САД за да стави крај на својата нуклеарна програма.
Јужнокорејските власти соопштија дека една ракета паднала во Јапонската ексклузивна економска зона (ЕЕЗ) и нема извештаи дека влијаела на воздушниот и поморскиот сообраќај.
Во меѓувреме, Соединетите Држави, Јужна Кореја и Јапонија го осудија најновиот ракетен тест на Северна Кореја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

