Свет
(Видео) Работничката партија на Курдистан ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Анкара
Работничката партија на Курдистан (ПКК) ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад што се случи утринава во Анкара, недалеку од зградата на турското Министерство за внатрешни работи.
– Група поврзана со нашата Бесмртна бригада извршила жртвен чин против турското Министерство за внатрешни работи – изјавила вооружената група за АНФ поврзана со Курдите.
Турција и многу западни земји ја класифицираат ПКК како терористичка организација.
Еден терорист е убиен.
За потсетување, министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја изјави дека утринава околу 9 часот и 30 минути се случил бомбашки напад пред портите на нивното Министерство во Анкара, во кој е убиен еден од терористите, пишува Хуриет.
Според него, двајца терористи дошле пред зградата на Министерството, а едниот активирал експлозивна направа, додека другиот е уапсен.
– Еден од нив се разнесе, додека другиот е неутрализиран – рече тој.
Си-Ен-Ен Турк јави дека има повредени и дека сите околни патишта се затворени. Според АП, турскиот парламент денеска по летната пауза треба повторно да заседава.
Explosions and Gunfire have been heard this morning near the Parliamentary Building in the Turkish Capital of Ankara; a Significant Police and Military Presence has been observed in the Area but it is Unknown what exactly the ongoing Situation is. pic.twitter.com/dzSFxdHDg9
— OSINTdefender (@sentdefender) October 1, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лавров: Следната средба меѓу Путин и Шји во јули
Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот кинески колега, Шји Џјинпинг, планираат да се сретнат за време на самитот на Шангајската организација за соработка (ШСО) во јули, кој е дел од претстојниот дипломатски календар меѓу двете земји, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Ова го изјави на денешната средба со кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Џи.
„Ве чекаме, драг министере, драг пријателе, на состанокот на министрите за надворешни работи на БРИКС, во Нижни Новгород, за помалку од еден месец. Нашите лидери ќе се сретнат и за време на самитот на SCO во јули во Астана. Подготвуваме настани за одбележување на 75-годишнината од воспоставувањето на нашите дипломатски односи“, му рекол Лавров на Ванг.
На средбата тој изразил благодарност до Пекинг за неговата „урамнотежена позиција“ за решавање на конфликтот во Украина, соопшти денеска руската МСП, пренесува „РИА новости“.
Шефот на руската дипломатија го поздрави предлогот на кинескиот претседател Џјинпинг за организирање мировна конференција со рамноправно учество на Москва и Киев, што ги зема предвид интересите на Русија, додаваат од Министерството.
Регион
Дачиќ му упати сочувство на Иран за смртта на претседателот Раиси: Бев шокиран од веста
Вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, упати сочувство до раководството и народот на Иран за смртта на претседателот Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахи,ан.
„Бев шокиран од веста за трагичната смрт на претседателот Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахи,ан, како и членовите на неговата висока делегација. Иранскиот народ загуби посветен лидер, лојален на својата земја и на високата функција. Србија изгуби докажан пријател и важен партнер со кој искрено работевме во корист на традиционалната блискост на нашите народи“, рече Дачиќ.
Тој додаде дека иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахијан, е посветен на постојано подобрување на врските со Србија и дека заминувањето на претседателот Раиси и членовите на неговата висока делегација е огромна загуба за Иран, неговиот народ и државното раководство, се вели во соопштението.
Свет
„Гардијан“: Судот во Лондон ја одобри жалбата на Џулијан Асанж, тој сè уште нема да биде екстрадиран во САД
Џулијан Асанж извојува победа во тековната борба против екстрадицијата од Велика Британија кога судиите на Високиот суд во Лондон го одобрија неговото жалбено барање, пишува „Гардијан“.
Двајца судии, пишува „Гардијан“, ја одложија одлуката во март за тоа дали Асанж, кој се обидува да го избегне судењето во САД за обвиненијата за шпионажа поврзани со објавувањето илјадници тајни и дипломатски документи, може да го однесе својот случај на второ жалбено рочиште.
Како што пишува „Гардијан“, Асанж би можел да добие право да побара жалба.
Асанж е обвинет за 17 точки за шпионажа и една точка за злоупотреба на компјутер, според медиумот, кој предвидува максимална казна од 175 години затвор, за објавување голема количина доверливи американски документи на неговата веб-страница пред речиси 15 години.